НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Осмомартовска средба

13Традиционално и оваа година одржана е средбата за членовите од понежниот пол на Мобилност Скопје по повод Меѓународниот ден на жената - 8-ми Март, на ден 05.03.2012 година во ресторанот „Бисера“ во населбата Аеродром кој е со најадаптирани услови за лицата со телесен инвалидитет. Во пријатна атмосфера и со добра музика на веќе докажаната група До-Ре-Ми се гледаше задоволството на лицата на присутните на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената - 8-ми Март. Оваа година на оваа манифестација присуствуваа околу 80-тина членки на нашето здружение, како и неколку членови на Мобилност Куманово, со што се овозможи и поголема дружба помеѓу членовите на двете здруженија. На средбата оваа година беа присутни и Претседателот на Мобилност Македонија господин Бранимир Јовановски и Генералниот секретар на Мобилност Македонија, госпоѓа Софче Прчева како и Генералниот секретар на Национална Федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија, господин Драган Дојчиноски.

Сите членки на здружението кои присуствуваа на осмомартовската средба добија oбетки рачно изработени од членовите на мобилност скопје кои изработуваат накит во креативната работилница на Мобилност Скопје кои беа подарок од Мобилност Скопје, како гест на почит и внимание кон припадничките на понежниот пол.

Заради определбата за штедење и оваа година беше решено во трошокот да учествуваат сите членови кои сакаа да присуствуваат на прославата.
Веселата атмосвера и убавото расположение меѓу присутните и овој пат не изостана.ведриот дух на сите присутни лица говореше дека традицијата треба да продолжи, а меѓусебното дружење никогаш да не згасне.

Ова е пример како со малку повеќе труд може да се одржи една добра традиција,.Ваквите средби како дел од програмските активности на здружението имаат своја добра функција, која многу придонесува за социјализација на нашите членови
Во прилог на напишаното говорат фотографиите од оваа средба.