Минатата година Мобилност Македонија со здружените членки имаше активност на прибирање на барања од членови за добивање на ортопедски помагала (колички, штаки, одалки...), како донација од хуманитарната организација "Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежни дни" од САД.
Од 02-08.10.2023 година, во Охрид, под покровителство на Мобилност Македонија од средствата обезбедени од финансирање на програмските активности за 2023 година од Министерството за труд и социјална политика, се одржува 12. Меѓународна ликовна колонија на која заеднички творат нашите талентирани членови и ликовни уметници Роза Мојсовска и Тома Димовски, со петнаесет ликовни уметници од Србија и Северна Македонија: Проф. Зоран Јакимовски, Петар Попчев, Доне Мајновски, Димитар Димитров, Јоана Арсовска, Емилија Тоциновска, Стојче Тоциновски, Живко Пренџов, Клара Томиќ Касаш, Станислава Летиќ, Љиљана Недељков, Ана Фафулиќ, Јасмина Пајовиќ, Жарко Ѓукиќ и Светлана Мориц Миладиќ.
Мобилност Македонија посочува дека овој ден, кој се одбележува секоја година на 6-ти октомври, треба да послужи како платформа за подигање на свеста за церебралната парализа, за поддршка на оние кои живеат со оваа состојба и се залага за поголема вклученост и разбирање. Децата и возрасните погодени од церебрална парализа често се соочуваат со предизвици кои го попречуваат нивното целосно учество во општеството. Денот фрла светлина врз потребата за зголемена свест, разбирање и поддршка за лицата со церебрална парализа.
На 13.09.2023 година претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар, Софка Печева, остварија работна средба со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Од 08-10.09.2023 година во Ново Место и во Семич, Словенија, се одржува 33 Државно првенство во атлетика за параплегичари на Словенија и 54. меморијал проф. Бојана Хроватина, на кој учествуваат спортисти од Словенија, Чешка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија.