Спортистите Елена Давитковска и Златко Арсовски од 24-27.08.2023 година во Врњачка Бања, учествуваа на 31 Републички спортски игри на параплегичари и квадриплегичари на Срвија во организација на СПИКС.
На 20.07.2023 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, во соработка со Народниот правобранител, а со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) во рамки на проектот „Практикувај демократија“ поддржан од Британската Амбасада во Северна Македонија ја презентираше изготвената анализа која има за цел да ја согледа состојбата со пристапноста до високото образование за лицата со попреченост. Иницијативата за оваа студија произлегува од обврската на државите потписнички на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост да обезбедат лицата со попреченост да имаат пристап до високото образование, без дискриминација и на еднаква основа со другите, поради што е потребно да овозможат разумно прилагодување за лицата со попреченост.
Во рамките на нашите заложби за вработување на лицата со телесен инвалидитет, во прилог дописот и флаерот кој господин Ardian Skikuli од УНДП го достави до сојузот:
На 27.06.2023 година, на платото пред вилата „Водно“ во Скопје, во организација на УНДП и Владата на РСМ, со поддршка на сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска и со Националните сојузи и организации на лица со попреченост, се одржа отворена дискусија на тема ,, Да ја отпакуваме Конвенцијата на Обединети нации за правата на лицата со попреченост по однос на правото на на независно живеење на еднаква основа со останатите граѓани – Што ми е потребно за да живеам независно? “
Репрезентацијата на Мобилност Македонија во состав: Адем Неби од Скопје, Златко Арсовски од Делчево, Имер Сефери од Скопје, Елена Давитковска од Куманово (спортисти) и Бранимир Јовановски, претседател на сојузот и тим лидер, од 22-24.06.2023 година во Зеница учествуваше на 19-то Меѓународно отворено првенство и спортски игри на параплегичари и заволени од детска парализа на БиХ, на кои поред домашните спортисти учествуваа и спортисти од Србија, Црна Гора и Словенија.