Светскиот ден на полиомиелитис се одбележува на 24 октомври секоја година. Полиомиелитисот е многу заразна болест предизвикана од вирусот на полиомиелитис.
Мобилност Македонија се придружува кон одбележувањето на 24 Октомври - Меѓународен ден на Полиомиелитисот, со објавување на овој текст, кој треба да придонесе за подигање на свесноста за потребата од заштита и имунизација на децата во најрана возраст.
Темата на Светскиот ден на полиомиелитис за 2025 година е „Крај на полиомиелитисот: За секое дете, вакцина насекаде“. Оваа тема ја нагласува итната потреба да се обезбеди за секое дете, во секој дел од светот, да ја прими вакцината против полиомиелитис.
Виолетовата е симболична боја за Светскиот ден на полиомиелитис. Кампањата со виолетова боја ги означува имунизираните деца со виолетово мастило. Кампањите и постерите често ја истакнуваат оваа боја за да покажат поддршка за искоренување на полиомиелитисот низ целиот свет.
Церебралната парализа е несакан глобален феномен. Светскиот ден на церебралната парализа, кој се одбележува секоја година на 6 октомври, има за цел да не потсети дека во светот денес живеат повеќе од 17 милиони луѓе погодени од ова нарушување.
Церебралната парализа е еден од најчестите телесни попречености што, за жал ги погодува најранливите меѓу нас - децата. Дополнително, церебралната парализа останува присутна низ текот на целиот животен век на детето без ефикасен лек за целосен опоравок, но со можност, со примена на одредени медицински третмани, физикални вежби, ортопедски помагала и оперативни зафати, истата значително да се подобри.
Церебрална парализа е најчестата доживотна физичка попреченост, но сепак останува еден од најнедоволно финансираните и занемарените проблеми со попреченоста и глобалното здравје. Многу луѓе кои живеат со церебрална парализа се соочуваат со пречки, од недостаток на пристап до здравствена заштита и образование до социјална исклученост и дискриминација при вработување.
Светскиот ден на церебрална парализа постои за да го промени тоа.
Повеќе...
Од 11-13.09.2025 година, во Сарајево, БиХ, во организација на Сојузот на параплегичари и заболени од детска парализа на БиХ, се одржаа 21. Републички спортски игри на кои настапија и спортисти од Мобилност Македонија: Адем Неби Ф58, Елена Давитковска Ф56, Зоран Јовановски Ф55 и Златко Арсовски Ф55.
Најдобар пласман освои Аџем Неби во класа Ф58, кој освои три први места во трите дисциплини во кои настапи со резултати: ѓуле 7,64 метри; диск 15,89 метри; и копје 15,67 метри.
Елена Давитковска освои едно второ и две трети места со резултати: копје 2 место 9.65 метри; диск 3 место 10,54 метри; и ѓуле 3 место 4,48 метри.
Повеќе...
Од 01-03.09.2025 година во Врњачка Бања, Србија, беа одржани 33. Републички спортски игри на параплегичари и квадриплегичари на Србија на кои учествуваа спортисти од: Србија, Македонија, Словенија и од Црна Гора.
Во прекрасен амбиент и во услови на многу топло време, боите на Мобилност Македонија на игрите ги бранеа: Елена Давитковска, Зоран Јовановски и Златко Арсовски. За учество на игрите беше повикан и Гоце Миновски, меѓутоа тој го откажа учеството од здравствени причини.
Повеќе...
На 27.08.2025 година со почеток во 12:00, се одржа заеднички работен состанок на претставниците на инвалидските организации и здруженија со неколку агенции на ОН, на која присустваше и г-ѓа Рита Колумбија, постојан координатор на тимот на ОН во државата.
Од Мобилност Македонија на состанокот присуствуваа претседателот на сојузот, Бранимир Јовановски, и членот Горан Спасов, обучувач за спроведување на избори од ДИК, кои зедоа активно учество во дискусијата поврзана со остварувањето на избирачкото право на луцата со инвалидност, пристапноста на гласачките места и кои се главните предизвици со кои се среќаваат лицата со инвалидност во изборниот процес, кои се нивните потреби и приоритети, како и кои активности се планираат да се преземат за подобрување на состојбата и како ОН може најдобро да помогне.
За време на двочасовната работна средба се разви мошне конструктивна дискусија, на која заради лимитираното време на траење не можеа да се отворат сите прашања, па учесниците на состанокот се договорија за одржување на следна стедба во блиска иднина.
Заклучоци од работната средба:
Повеќе...