-
Детали
На 30.03.2022 година во 09:30 часот, во просториите на Владата на Република Северна Македонија се одржа работна средба помеѓу претседателите на националните инвалидски организации (на лицата со телесен инвалидитет, слепите, глувите и интелектуално попречените лица), од една страна, и претседавачот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски и Лидија Крстевска Дојчиновска, државен советник во владата, од друга страна.
Беше дискутирано за повеќе прашања од областа на социјалната политика, социјалните услуги и заштита на правата на лицата со инвалидност, но главен акцент беше ставен на нашето барање за зголемување на надоместоците за нега и помош од друго лице, посебниот додаток и надоместокот за попреченост, како и нивно врзување за просечната месечна плата исплатена во РСМ, или нивно позиционирање на одредено ниво и подоцна редовно усогласување по швајцарската формула, слично решение како кај усогласување на пензиите на пензионерите.
Имено, барањата на Мобилност Македонија и на здружените членки на НСИОМ се:
- Надоместокот за попреченост да изнесува 40% од просечната месечна плата исплатена во Република Северна Македонија за минатата година, усогласена според нова методологија за порастот на надоместокот врз основа на таканаречена швајцарска формула, односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата;
-
Детали