-
Детали
Ве известуваме дека поради претстојните локални избори, во канцеларијата на Народниот правобранител, отворена е бесплатната телефонска линија 0800 54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Сите непрaвилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денoвите кога ќе се одржува гласањето, во двата изборни кругови, со оглед дека Народниот правобранител во Скопје и Подрачните канцеларии во Битола, Куманово, Кичево, Тетово, Сттрумица и Штип ќе работат и на денот на гласањето.
Телефонската линија функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот, а по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака.
Ве замолувам оваа информација да ја споделите со членовите на Вашите организации/здруженија односно истоите да бидат информирани за можноста за пријават евентуални проблеми/нерегуларности при реализирање на гласачкото право од страна на лица со попреченост.
Во случај да имате такви сознанија можете да се јавите на бесплатната телефонска линија 0800 54321, или на бројот 02/3129335 лок.570 кај советниците од тимот за мониторинг при Народниот правобранител.
-
Детали