„Лицата со потежок телесен инвалидитет, особено лицата кои се движат искучиво со инвалидска количка, приморани се да користат сопствен автомобил или такси превоз за да одат секојдневно на работа, на лекар, во продавница, на пазар, на разни културно-спортски манифестации, да учествуваат во активностите на своите здруженија, да одат на посета кај роднини и пријатели, на прошетка… Едноставно, секаде каде имаат потреба од движење, затоа што немаат друга алтернатива. Тие не можат да возат велосипед, не можат да користат јавен превоз, бидејќи тој, или не е организиран во нивните локални самоуправи, или не е адаптиран за транспорт на патници со инвалидска количка, а не можат ниту да одат пеш. Заради тоа нивните животни трошоци се значително повисоки во однос на лицата кои не се соочуваат со некој вид инвалидитет, или како што јас сакам да споредам, нашиот леб е за пет денари поскап од лебот на останатите“, вели Бранимир Јовановски, претседател на Националниот сојуз на лица со инвалидитет, „Мобилност – Македонија“.
Законот за социјална заштита донесен во 2019 година, пропишува дека на лицата кои со телесна или интелектуална попреченост се стекнале по својата 65. година, не им следува финансиска помош од државата. Како се одразува тоа на животот на овие луѓе, и што е поголем проблем за нив: непримањето на тие 6.000 денари месечно или чувството дека се напуштени од институциите?
КОВИД – 19 предизвика и се уште предизвикува незамисливи последици врз здравјето на луѓето и економиите во општествата. Целиот свет се мобилизира во борбата за скротување на пандемијата. Многу емисии беа посветени на оваа модерна чума на денешницата, многу еминентни личности, лекари, научници, фармацевти и експерти говореа на оваа тема, но се чини дека анализата на ризиците со кои се соочуваат лицата со инвалидност во услови на КОВИД-19 и овојпат беше некако запоставена, иако според СЗО 10-15% од светското население или околу една милијарда жители во светот, се соочуваат со некаков вид на инвалидитет. Малку се говореше за нивните ризици по здравјето, за одлуката дали да се вакцинацинираат и дали кај нив вакцинирањето може да предизвика зголемени негативни појави отколку кај останатата популација.
Се чини дека она што засега недостасува е информацијата за ретки, евентуално многу тешки несакани ефекти, бидејќи тие се видливи само откако ќе се вакцинираат голем број луѓе и по долг период на набудување. Во таков случај можеби е оправдано што се соочувааме со дилемата: дали треба да се вакцинираме или ризикот од новите вакцини е преголем? Зарем можеби не е подобро да се смета на можноста од инфекција, отколку да се изложуваме на ризиците од новите вакцини?
Мобилност Македонија, како Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија, кровна организација која обединува преку 8.000 лица со најразличен вид на телесен инвалидитет, денес на оваа тема разговараше со Проф. д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија, специјалист интернист, доктор на медицински науки.
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидите на Македонија - Мобилност Македонија доби бројни прашања од членовите во врска со дилемите дали да се вакцинираат против Ковид-19 или не, а согласно нивната здравствена состојба, дијагнозата на заболувањето и терапијата која ја користат. Во обид попрецизно да им одговориме, одлучивме да консултираме стручни лица од областа на медицината. Му се заблагодаруваме на Доц. д-р. Иван Барбов, директор на Клиника за неврологија при Клинички Центар „Мајка Тереза“ - Скопје за одвоеното време и корисните информации кои ги сподели со нас и нашите членови.