-
Детали
На 25.02.2021 година, во просториите на Владата на РСМ, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, и генералниот секретар Софка Прчева, одржаа работна средба со претседавачот на НКТ за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност, Спасе Додевски, и Лидија Крстевска Дојчиновска, државен советник за следење на Програмата на Владата на РСМ.
На средбата ги презентиравме активностите кои ни се во тек, пред се во однос на новиот Закон за градење, со кој треба да се предвидат соодветни стандарди за пристапност на објектите и урбаната средина за лицата со инвалидност, и генерално пристапноста да се дефинира како стандард на градба, текст во чија изработка, како заинтересиран сојуз, во повеќе фази дававме конструктивни предлози и сугестии минатата година за подобрување на текстот во одност на прашањето за пристапноста, како и за казнените одредби во случај на непочитување на мерките, при што добивме ветување дека во најскор временски рок ќе ја добиеме најновата верзија на текстот на Законот.
-
Детали