Од 21-24.09.2021 година во Врнјачка Бања, во организација на Сојузот на параплегичари и квадриплегичари на Србија (СПИКС) беа одржани 29 Републички спортски игри на кои учествуваа и тројца натпреварувачи од Мобилност Македонија.
Најголем успех од нашите спортисти постигна Гоце Миновски од Скопје, кој во класата Ф-53 освои три први места и тоа:
-1-во место во копје со резултат 9,19 метри;
-1-во место во диск со резултат 9,59 метри;
-1-во место во ѓуле со резултат од 11,70 метри.
Дејан Ѓорѓиевски од Скопје во класата Ф-58 освои:
-2-ро место во копје со резултат 13,72 метри;
-3-то место во диск со резултат 13,18 метри;
-4-то место во ѓуле со резултат 5,25 метри.
Златко Арсовски од Кочани во класата Ф-55 освои:
-4-то место во ѓуле со резултат 4,30 метри;
-5-то место во копје со резултат 9,36 метри;
-5-то место во диск со резултат 11,07 метри.
Натпреварот се одвиваше во исклучително лоши временски услови, студено и дождливо време.