-
Детали
Мобилност Македонија на 28-29.10.2020 година учествува на 14-та Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидност, која годинава заради пандемијата од КОВИД-19 се одржува комбинирано и со физичко присуство (од домашните улесници) и преку Зум конференција (со учесници - предавачи од други држави).
Мобилност Македонија денес, преку обраќањето на претседателот на сојузот, Бранимир Јовановски, во 15:40 часот ја презентираше темата „Спортска рекреација на лицата со инвалидност - потреба и бенефити“, актуелна тема особено во деновите кога заради заштита од ширење на корона вирусот државите усвојуваат мноштво на рестриктивни мерки кои го ограничуваат движењето и го ставаат човекот во пасивна улога и целосна хипокинеза.
Голема благодарност до координаторот на конференцијата, Енес Алибеговиќ и претседателот на Координативниот одбор на Кантоналните здруженија и сојузи на лица со инвалидност на Унско-Санскиот кантон, Јусмир Алибабиќ, како и на целиот тим задолжен за организацијата на овој настан, за вложените огромни напори да изнајдат начин конференцијата да го продолжи својот континуитет и во вакви, тешки услови на работење.
-
Детали