На 25.09.2020 година во балонот на хотел Александар Палас во Скопје, претставници на Мобилност Македонија присуствуваа на работна средба што ја одржа министерката за образование и наука, Мила Царовска, со претставници на над 30 граѓански организации со кои дискутираше за заедничките цели и приоритети и можноста за соработка во реформите на образованието.
Како чин на општествена одговорност и предизвик да се изгради фер општество пристапно за сите без исклучок, команијата АДИНГ од Скопје, чија дејност е производство и пласман на адитиви и други хемиски материјали за градежништво, донираше нивни производи на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, за реновирање на објектите за опоравок и рехабилитација во Охрид. Донацијата се состои од лепила, хидроизолации и смеси за фугирање, потребни за санација и обнова на подните површини на 11 апартмани во Охрид, со кои располага Мобилност Македонија. Со обновата на овие објекти, на нашите членови ќе им овозможиме користење на пристапни и безбедни сместувачки капацитети преку целата годинакои ќе се користат за спроведување на програмата за опоравок и рехабилитација, но и одржување на тркалезни маси, работилници, симпозиуми, ликовни колонии и спортско-физички подготовки.
ОСНОВНИ ПРЕПОРАКИ
ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ ВРЗ КОИ СЕ ЗАСНОВА ОВОЈ ПРОТОКОЛ СЕ: