ПРВО МЕСТО ЗА МОБИЛНОСТ ВЕЛЕС
Наша цел е да бидеме силно убедени дека сме Цел... Нашата цел е да сфатиме дали спиеме или само го сонуваме животот. А во тоа може да помогне креативната работа. Нашата Тортијада е одличен пример за будност, но и креација. Стравот, фобиите, траумите, постануваат слатки декорации. Да го искористиме нашиот сон мудро поради следното утро и работата што со љубов не очекува.
Мобилност Тетово и Гостивар беше домаќин на 10-тиот републички натпревар во табла. Турнирот се одржа на 9-ти ноември во ресторанот Електра Гарден во с.Брвеница и истиот е комплетно пристапен за нашите членови, телесни инвалиди и тоа со прилагоден тоалет и паркинг, како и пристапна сала со капацитет за 500 гости. На натпреварот учество земаа 32 натпреварувачи од 10 здруженија од Мобилност Македонија, и тоа Штип, Гевгелија, Кочани, Скопје, Прилеп, Велес, Струга, Струмица, Битола и Тетово и имаше 72 телесни инвалиди, вкупно 104 гости. Турнирот го отвори Велибор Јаќимовски, Претседателот на Мобилност Тетово и Гостивар, а гостите ги поздрави и Бранимир Јовановски, Претседател на Мобилност Македонија, Енвер Пајазити, Градоначалник на општина Брвеница, Ахмет Ќазими, претставник од општина Тетово и раководител на секторот за јавни дејности и Татјана Лалчевска, Пратеник во Собранието на Република Македонија.
Во организација на кантоналните здруженија на лицата со инвалидност од Унско-Санскиот кантон во Бих, од 29 до 31 октомври во Сански Мост по 13. пат се одржа меѓународната конференција „Да делуваме заедно“. „Мобилност Македонија“ традиционално учествува и конструктивно придонесува во работата на конференцијата, и овој пат со импресивен настап на претседателот Бранимир Јовановски на тема „Развој на социјални услуги за поддршка на лицата со инвалидност – Преглед на тековните реформи во насока на деинституционализација во Република Северна Македонија“, за успесите на деинституционализацијата и првичните резултати, во организација и полна изведба на МТСП.