„Пристапна Битола, пристапна Македонија“ беше мотото и темата на годинашното, традиционално дефиле на Широк Сокак, кое „Мобилност Битола“ успешно го организира секоја година. После долгите подготовки со мали пречки, замисленото сценарио на оваа значајна манифестација беше остварено и реализирано на 30 јуни 2019. Придружувајќи се на кампањата за пристапност што ја води „Мобилност Македонија“, нашето здружение со своите ресурси и помагатели презема чекори за што поголема успешност на оваа значајна ставка во статутарните и програмски цели.
Интернационалната федерација на Мултиплекс Склероза(МС) - основана 2009 година, оваа година по десетти пат го одбележува Светскиот ден на МС и ја спроведува кампањата за неа. МС кампањата за 2019 година, се дефинира под слоганот “МОЈАТА НЕВИДЛИВА МС” и се однесува на подигнување на јавната свест за невидливите симптоми на МС и фаталното влијание на тие симптоми врз квалитетот на животот на лицата со МС.Преку оваа кампања и одбележување на денот, лицата со МС ќе можат гласно да проговорат за своите потешкотии со невидливите мс симптоми, односно ќе имаат можност подобро да ја информираат јавноста за нив, а за возврат таа ќе може да пружи соодветна поддршка.
Ве информираме дека ЈСП Скопје како општествено одговорно претпријатие одлучи да им излезе во пресрет на лицата со посебни потреби со куче придружник и да им дозволи непречено користење на нашите услуги, односно да дозволи влез на кучињата придружници во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата.
Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи во предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности.
Одбележување на деновите на Параплегија и Дистрофија!
Параплегија под слоганот " НЕ Е СИЛАТА ВО ЧЕКОРЕЊЕТО ТУКУ ВО ИЗДРЖЛИВОСТА " , и
Дистрофија под слоганот "ЈАС ГИ САКАМ ЛИЦАТА СО ДИСТРОФИЈА ".
На 25 мај, со собир во 11 часоот, пред платото на порта Македонија, со дефиле по улица 11 Октомри се до ДХО Даре Џамбаз, огранокот на Параплегија и Дистрофија при Мобилност Скопје а со поддршка на Мобилност Македонија, ги одбележаа деновите на Параплегија и Дистрофија.