Во рамките на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, кој што заедно го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон (МДИ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ)-финансиран од Европската Унија,во деновите 15 и 16 март 2019 година, во хотел Континентал, Скопје,се одржа работилница на тема “ Градење коалиции меѓу медиумите и граѓанските организации “.
Во студиото на 24 Отворено со Бранимир Јовановски од Мобилност Македонија, Снежана Караџовска, Елена Кочоска од „Полио Плус“ и Ѓорѓи Станишевски од Центарот за ортотика и протетика, „Славеј“.
Во линкот подолу е прикачен видео запис од целата емисија.
Автор: Мајк Џемпсон
Со дополнителен материјал од: Анита Бенет, Лиз Кроу, Пем Данкан-Гленси, Еленор Лисни, Владо Крстовски и Националното здружение на новинари(Обединето Кралство и Ирска)
Дизајн:Милош Петров
Превод од англиски јазик: Мартина Кимовска
Оваа публикација е изработена од Институтот за медиуми и различности (МДИ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ), како дел од проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, што е финансиран од Европската Унија.
На 12.12.2018 година, во ресторан „Грација“ во Куманово, во организација на Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет на Куманово, Кратово и Крива Паланка-Мобилност Куманово, а со финансиска поддршка од Мобилност Македонија, се одржа тематска работилница на тема: „Почит и обврска на локалната самоуправа кон човековите права на жителите на градот кои се соочуваат со пречки во мобилноста ПРИСТАПНО КУМАНОВО - ПРИСТАПНА МАКЕДОНИЈА“
Во рамките на манифестацијата беше одбележан 4 Декември-Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
На работилницата присуствуваа 140 членови од здруженијата членки на Мобилност Македонија, а посебен белег на настанот му дадоа градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, градоначалникот на општина Кратово, д-р Љупчо Бојаџиев, советниците на Претседателот на Владата на РМ, Спасе Додевски и Сандра Поповска, претставници на секторите за урбанизам од повеќе општини, претседатели на национални инвалидски организации, претставници на институции и подрачни единици на фондовите, претставници на ортопедски куќи и други гости.