Со новиот Закон за социјална заштита за првпат се потенцита независноста на лицата со попреченост и нивното право на одлука, преку неколку основни начела на новиот Закон:
Член 15 – начело на еднаков третман и недискриминација
Член 17 – начелото на партиципативност;
Член 18 – начело на индивидуализација;
Член 22 – начело на најдобар интерес
Воедно се воведуваат права кои досега не биле предвидени со стариот Закон, како што е правото на попреченост, кое досега го остваруваа само лицата со најтешка телесна и сетилна попреченост, кое сега се проширува и на лицата со тешка или длабока интелектуална попреченост. Воедно правото на скратено работно време поради нега на дете/лице со попреченост се зголемува, односно со новиот Закон истото ќе изнесува 50% од просечната плата на родителот за претходната година, но најмногу до 50% од просечната плата во Република Македонија за претходната година, објавена од Државниот завод за статистика.
На 12.11.2018 година, Зоран Блажевски, советник во Министерството за труд и социјална политика, Бранимир Јовановски и Софка Прчева, претставници на Мобилност Македонија, во просториите на Општина Охрид, одржаа работен состанок со Благојче Стојчески, раководител на одделот за финансии, Томе Наневски, од сектор за комунални дејности и Кети Росиќ, советник за социјална заштита, а во врска со Иницијативата на градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски, поднесена до Министерството за труд и социјална политика за изградба и отворање на инклузивно детско игралиште во Охрид.
На 09.11.2018 година, во Порта Македонија беше организирана изложба на уметнички дела создадени на деветтата меѓународна ликовна колонија која годинава се одржа во месец април во Охрид.
На изложбата присуствуваше претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, кој во својот поздравен говор ги афирмираше мерките на Владата за подобрување на правата на лицата со инвалидност, но и поддршката за актиностите на сојузот кој преку своите активности делува кон подобрување на правата и положбата на лицата со телесен инвалидитет во РМ.
На МОБИЛНОСТ Велес и беше доделена 9 Ноемвриска награда која преставува голема чест и од страна на Здружението изразуваме голема благодарност до општината на град Велес како и до сите граѓани на градот Велес