Децата со попреченост кои се од Велес ќе имаат можност да поминуваат дел од своето слободно време на инклузивното детското игралиште во населба Тунел кое денес на 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, го отвори градоначалникот Коцевски.
Ротационо катче, дупла лулашка, комбинирана клацкалка за деца со посебни потреби и др. се дел од содржините кои ќе ги користат намладите велешани.
Ова е тринаесетто игралиште од овој тип во Македонија со средства кои ги обезбедува Министерството за труд и социјална политика и општините. Проектот се реализира во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија.
Центарот за ортотика и протетика Славеј АД Скопје, по повод 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност и 4-ти Декември - Денот на лицата со телесен инвалидитет на Република Македонија, за членови на Мобилност Македонија донира 10 теренски инвалидски колички на рачен погон.
Мобилност Македонија, во името на своите членови, изразува голема благодарност до ЦОП Славеј за хуманиот гест и пружена рака на поддршка.
Мобилност Македонија оствари средба со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во врска со Предлог-Законот за социјална заштита. На работнта средба присуствуваа претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софка Прчева и членот Елизабета Тодоровска.
Поред министерката Царовска, претставници на МТСП на средбата беа Душан Томшиќ и Вангел Тркаљанов, советници во кабинетот на министерката, правникот Софија Спасовска и раководителот на Програмата за рефундирање на средства за царина, акцизи и ДДВ за набавка на патничко моторно возило, Дејан Ивковски.
Мобилност Македонија на 13.11.2018 година доби покана за учество на јавна расправа во МТСП на 14.11.2018 година во 09 часот во врска со Предлог-Закон за социјална заштита. Иако времето беше кратко, учествувавме во расправата и дадовме свои забелешки во интерес на нашите членови, но и на сите лица со инвалидност кои не се наши членови а се засегнати со предложените измени. Дополнително утредента напишавме допис со наши предлози и сугестии и го доставивме до МТСП.
Еве дел од нашите реакции: