Почитувани,
Со имплементирањето на електронскиот систем за наплата на патарина и негово отпочнување со работа на Наплатните станици од Коридор 10, сега сме во можност за детално следење и проверка и на сите електронски картички кои се издадени согласно Членот 66 од Законот за Јавни патишта на лица кои по основ на инвалидитет ги исполнуваат условите за ослободување од плаќање на патарина.
Имено, преку секојдневните прегледи и процеси на верификации на сите транзити, забележано е дека некои корисници не ги почитуваат правилата под кои им се издадени електронските картички, односно истите ги злоупотребуваат.
Секоја една електронска картичка издадена по основ на ослободување на инвалидно лице е пресонализирана со податоците од имателот (инвалидносто лице), како единствен сериски број на уредот, име и презиме, модел на патничко моторно возило, боја на возилото како и регистарските таблички на возилото.
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 260 став 1 од Законот за социјалната заштита (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19 и 146/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 декември 2019 година, донeсе ПРОГРАМА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО ТЕШКА И НАЈТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2020 ГОДИНА
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, преку својата Комисија за Статутарно правни работи, го разгледа текстот на Нацрт - Закон за градење, воочи некои недостатоци и во интерес на подобрување на текстот во однос на овозможувае на пристапност (хоризонтална и вертикална) на лицата со инвалидност, самостојно и непречено движење, домување и работење, а се во духот на мерките од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност, благовремено и во неколку наврати достави забелешки, сугестии и коментари до Министерството за транспорт и врски.
Беа одржани неколку работни состаноци со претставници на министерството, советници на Премиерот, а последната од нив се одржа на 27.12.2019 година во просториите на Владата на Северна Македонија на која поред другите присуствуваше и изготвувачот на текстот, проф д-р Грчев.
Мобилност Македонија пред подолго време поднесе иницијатива и беше во постојани преговори со ФЗОМ и со Министерството за здравство за измена на Законот за здравствено осигурување во делот кој оневозможуваше доплата на разликата помеѓу реалната цена на помагалата и референтна цена за набавка на ортопедски помагала дефинирана од фондот (им се наплатуваше целосен износ на помагалото), како и за укинување на условот здравственото осигурување да траело непрекинато најмалку шест месеци пред настапување на потребата.
На 27.12.2019 година во Службен Весник на РСМ бр.275, објавен е Законот за измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој:
- во член 2 кој се однесува на член 9 од важечкиот закон се укинува целосно став 3 и со самото тоа целосно се укинува условот за конринуитет здравственото осигурување да траело непрекинато најмалку шест месеци пред настапување на потребата за остварување на право на протези, ортопедски и други помагала, помошни и санитетски справи и материјали и заботехнички средства.