На 18.01.2021 година на платформата Зум, се одржа работилница на тема „Против стереотипи и дискриминација со инклузивно медиумско известување“ во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).
Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ даде вовед во работилницата, а потоа Весна Никодинoска, раководителка на програми, Македонски институт за медиуми , ја презентираше темата „Медиумите и известувањето за етничките групи - какви се најчестите слики?“, по што следеа препораки за медиумите и дискусија.
Втората тема, „Медиумите и лицата со попреченост – каде е гласот на овие лица?“, ја презентираше Владо Крстовски, програмски менаџер, „Порака“, и токму на ова тема зедовме активно учество во дискусијата особено во сегментот на шареноликата терминологија за лицата со инвалидност во медиумите, а особено во законската легислатива во државата каде истите се соочуваат и со одредена неприменливост на законите,односно проблеми во идентификација при остварување на одредени права. По завршената дискусија беа утврдени соодветни препораки до медиумите.
Третата тема „Категории на родови нееднаквости во медиумите и стереотипи кон ЛГБТИ популацијата“ ја презентираше Ирена Цветковиќ, извршна директорка, Коалиција Маргини, додека четвртата „Улогата на медиумите во известувањето за ранливите групи - приказни од терен“ Петар Клинчарски, новинар, „360 степени“.