На 15.11.2021 година, со почеток во 11 часот, 8. Центар за знаења за социјален развој од областа на подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост, организираше меѓународна онлајн панел-дискусија на тема: „Адекватно домување за лицата со попреченост во Република Хрватска и регионот - примери на добри и лоши практики“ како дел од кампањата која беше иницирана со цел да се донесе соодветна законска рамка за социјални станови во Република Хрватска.
На панел дискусијата учествуваа следните претставници:
• Марица Мириќ, претставник на 8-ми центар на знаење и потпретседател на Заедницата на сојузи на лица со попреченост на Хрватска
• Марија Боровец, раководител на Служба за заштита на лица со попреченост, старателство, Министерство за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика
• Ивана Пинтар, директор на Дирекцијата за управување со недвижности и располагање со Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот
• проф. д-р ск. Гојко Бежован, редовен професор по социјална политика на Правниот факултет на Универзитетот во Загреб
• Иво Јаковљевиќ, претставник на Националниот совет на организации на инвалиди на Словенија (НСИОС)
• Зоран Добраш, претставник на Република Српска
• Иванка Јовановиќ, извршен директор на Националната организација на лица со попреченост на Србија
• Горан Спасов, претставник на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија
Целта на панел дискусијата беше да се покаже како е решено прашањето за социјалните станови во околните земји од регионот. И покрај тоа што законот важи и за другите ранливи групи, целта на панел дискусијата беше да се добијат информации за тоа како се регулираат прашањата на лицата со попреченост во Законот за социјално домување. Затоа, на панел-дискусијата присутните претставници на движењето на лицата со попреченост ги споделија искуства за добри и лоши практики во примената на регулативите за социјално домување во нивните земји. Горан Спасов кој ги презентираше состојбите во нашата држава.
Еден од панелистите беше и проф. д-р ск. Гојко Бежован, редовен професор по социјална политика на Правниот факултет на Универзитетот во Загреб. Професорот Бежован е еден од водечките хрватски експерти за социјална политика, кој долги години се фокусира на социјалните станови.