НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu
001Во рамки на Министерството за труд и социјална политика се спроведува проект со Светска банка за системот на социјално осигурување, во чии рамки е и активноста за воспоставување на централно координативно тело за проценка на инвалидност.
Во врска со оваа активност ангажирани се консултанти кои одржуваат состаноци со сите инволвирани чинители во системот за проценка на инвалидност.
На 07.10.2021 година се одржа состанок на експертите со претставници на националните инвалидски организации.
Од страна на МТСП присуствуваа: Проф. Д-р Светлана Трбојевиќ - експерт по социјална политика, Лорита Андреева - експерт по специјална рехабилитација и едукација, Гоце Јанкоски - локален координатор, Горан Анчевски - експерт по финансии и Миодраг Марковиќ - експерт по информатика.
На средбата ги истакнавме проблемите кои нашите членови ги имаат во врска со работата на Комисиите за определување на надоместок за нега и помош од друго лице и Комисијата за определување на надоместок за попреченост, како што се недоволно термини за закажување на контролни прегледи, премногу времени решенија иако здравствената состојба очигледно не може да се подобри, потоа за Комисијата на ИПК за оцена на степен на инвалидност и определување на инвалидска пензија, за нивното повеќекратно одбивање да им доделат пензија на лицата со инвалидност, за проблемите кои ги имаат вработените лица со инвалидност пред се во заштитните организации како што се прекувремено работење, непочитување на слободни денови и празници од страна на работодавачите, малку денови определени за одмор, ниски плати, неможност за напредување во кариера и сл.
Ова активноста за воспоставување на централно координативно тело за проценка на инвалидност ќе продолжи и во следните месеци.