ПРОГРАМА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО НАЈМАЛКУ 80% ИНВАЛИДНОСТ НА ДОЛНИТЕ ЕКСТРЕМИТЕТИ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2016 ГОДИНА
НОВИНИ ОД ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА
Со оглед на тоа дека голем број на наши членови се возачи на моторни возила сметам дека е од општ интерес да ги запознам нашите читатели со новините во овој Закон бидејќи во пракса сите ние горе долу секојдневно се среќаваме а често и се соочуваме или можеме да бидеме соочени со некои санкции поради не придржување кон прописите. Со оглед на тоа што за нас лицата со телесен инвалидитет возилата се такаречи ортопедски помагала, сметам дека е корисно накратко да се запознаеме со овие новини како би множеле да ги зачуваме возачките дозволи и да не се изложуваме на големи давачки за плаќање на казни.
На 4.12.2015 година во Кичево беше одбележан „4-ти Декември“ – Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија. Во прекрасна атмосвера и присуство на повеќе од 150 членови на Мобилност Македонија од 16 здружени членки, со изведна на химната на РМ и неколку играорни точки од препознатливиот македонски фолклор започна средбата на која поред членовите, беа присутни и поранешниот пратеник од Кичево, г-дин Илија Китановски, како и повеќе претставници од подрачните единици на институциите на државата.
После поздравните говори на претседателот на Мобилност Кичево, Бобан Јордановски, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и на поранешниот пратеник во Собранието на РМ, Илија Китановски, претседателот на Мобилност Македонија пред присутните ги афирмираше преземените активности на сојузот кои ја одбележаа 2015 година, ставајќи акцент на барањата до институциите на државата за премостување на архитектонските бариери, пред се во објектите за спроведување на настава во основното, средното и високото образование, како и за подобрување на здравствената заштита, ортопедски помагала и конкурентност на пазарот на трудот за нашите членови.
Амбасадата на Шведска, по повод 3-ти Декември Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, на тема „Пристапност“ организираше изложба на фотографии на познти личности-граѓани со инвалидитет од Шведска.
Изложбата ја отвори амбасадорот на Шведска во Македонија Н.Е. Г-дин Матс Стафансон. Во своето обраќање амбасадорот истакна: Пристапноста оди и понатаму од рампи за инвалидски колички и здравствена нега. Во крајна линија, пристапноста има врска со демократијата, човековите права и ставовите.... Секој треба да може да учествува во општеството со подеднакви услови.
Изложбата беше посетена од многубројни посетители како и од претставници на невладини организации и националните инвалидски организации.
Шведската амбасада веќе ја подготвува изложбата за наредната година во која ќе бидат вклучени и познати личности со инвалидност од Македонија.