Денес, 18.01.2017 година, во канцеларијата на Мобилност Македонија беше одржан работен состанок со господин Амир Гоичмен од Израел, координатор на проекти при Центарот за соработка и напредок (Center for Cooperation and Advancement). На средбата присуствуваа: генералниот секретар на Мобилност Македонија, Совка Прчева, претседателот на Мобилност Битола, д-р Нико Јанков, кој всушност и ја започна соработката со Центарот за соработка и напредок (Center for Cooperation and Advancement) кон крајот на минатата година во Битола, како и координаторот на проекти при Мобилност Битола, Ивона Јанкова.
Врвна едукација со поддршка од ментори достапна од дома
Скопје, 13 декември 2016. Со потпишување на меморандумот за соработка помеѓу Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – МобилностМакедонија, Полио Плус, РЕСУРСЕН ЦЕНТАР на родители на деца со посебни потреби, Отворете ги прозорцитеи Марјановиќ Едукација, лицата со телеснаинвалидност ќе имаатможност, учејќи на далечина со помош на ментори, да стекнат знаења и вештини со кои ќе се оспособат за некои од најбараните работни места во област на веб технологиите, дизајнот и развојот.Освен стручни технички студии, на заинтересираните ќе им биде понудена можност да следат настава за изучување англиски јазик и Microsoft Office апликации.
Од 01.10.2016 година на автопат со електронски картици
Почнувајќи од 01.10.2016 година, правото на ослободување од плаќање патарина ќе може да се реализира на наплатните станици единствено со персонализираната безконтактна картица. Лицата ослободени од плаќање на патарина мораат со себе да ја имаат оваа картица и членската книшка од здружението каде членуваат, која е оверена од страна на Јавното претпријатие за државни патишта.
На персонализираната безконтактна картица (електронската картица) видливо е напишано името и презимето на лицето и називот на сојузот каде што членува. Електронската картица ги содржи сите податоци од лицето што е ослободено од плаќање патарина како што е адреса на живеење, регистрација на возилото и тип и марка на возилото. Овие податоци ги гледа вработеното лице на наплатната станица кога картицата ќе ја помине на електронскиот уред.
Во Мобилност Скопје членува едно младо симпатично дете, кое зрачи со позитивна енергија, активно и атрактивно, секогаш на мета на фоторепортерите дали при отворање на адаптирани инклузивни детски игралишта, или на разни забави и театарски претстави, дури и пред ТВ камерите на УЕФА со репрезентативците на Република Македонија во фудбал, пред натпреварот Македонија-Белорусија. Тоа е нашиот Јане Велковски.
Е токму на Јане, на 25.09.2016 (во неделата) на враќање од роденденска забава од игротеката во МКЦ во Скопје, му се случи немил настан со лифтот кој за среќа нема посериозни физички последици по Јане. При влегувањето во лифтот, истиот неконтролирано тргнал надолу пред Јане и мајка му да влезат во него, односно додека само предните тркала од електромоторната количка која тежи стотина килограми штотуку згазнале на платформата. Такво нешто не може да се случи доколку лифтот е исправен. Исплашени и тој и мајка му, успеале некако тој да се задржи со рачињата за страничниот дел од платформата на лифтот, додека мајка му со сета сила ја тегнела количката наназад да не се струполи нанапред сосе Јане, кој пак за среќа бил врзан со појас, инаку сигурно би се струполил пред количката и би се повредил.