На 20 фебруари на Здружението на лица со телесен инвалидитет – МОБИЛНОСТ ВЕЛЕС, на свечен начин им беше предадено комбе – возило за превоз на лица во инвалидска количка.
Комбето е донација од германската компанија „Дрекселмаер“, со посредство на германската амбасада и Општина Велес.
Се работи за патничко возило – комбе на кое е вградена хидроулична рампа за непречен влез и излез од комбето при превоз на лица во инвалидска количка. На овој начин општината им излезе во пресрет на своите граѓани кои се со инвалидитет и имаат потешкотии при комуникација и движење.
На 21 фебруари се одржа ЕСРП Конференција (Консултации и следни чекори) со која се заокружи процесот на подготовка на Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика (Employment and Social Peform Programme – ESRP)
ЕСРП Програмата беше изготвувана во тесна соработка и координација со Европската комисија и истата претставува значајна сеопфатна секторска стратешка рамка, која ги утврдува клучните предизвици, приоритетни политики, реформи и конкретни мерки во областа на пазарот на трудот и вработувањето, човечки капитал и вештини, социјална заштита и социјална инклузија за периодот до 2020 година.
15.02.2017 година, хотел „Континентал“ Скопје, тематска расправа „ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ ВО Р.МАКЕДОНИЈА“
Тематската расправа ја отвори министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, претседателот на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидитет во РМ, Бранимир Јовановски и претседателот на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Душан Нешевски.
Раководител на тематската расправа и модератор беше д-р Василка Димовска, секретар на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидитет во РМ,
Новите лимити за здравствено осигурување согласно нето приход остварен во семејството за 2016 година изнесуваат:
-До 120.960,00 денари – здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување;