На 27.03.2017 (понеделник) со почеток во 12:00 часот во просториите на ЕУ проектот за професионална рехабилитација и лична асистенција кои се наоѓаат на адреса ул. Златко Шнајдер 6а-4 во Скопје, беше одржан состанок со сервис провајдери за услугата од Куманово, Скопје, Битола и Тетово.
На состанокот беа договорени следните чекори за асистенцијата која како пилот програма се очекува да стартува најдоцна до почетоот на месец мај годинава и ќе трае 2 месеци за селектираните членови од осумте региони на Македонија (вкупно 70 лица со телесен инвалидтет).
Во организација на Генералниот Директорат за вработување, социјални прашања и инклузија на Европската комсија и Министерството за труд и социјална политика на РМ, на 28 март се одржа работилница за деинституционализација во Република Македонија. Од страна на Мобилност Македонија, на работилницата учествуваше генералниот секретар, Софка Прчева.
Мобилност Македонија одржа редовна седница на Собранието на 25.02.2017 година во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“.
Беа усвоени Извештајот за работа на Мобилност Македонија за 2016 година, финансискиот извештај за 2016 година, Програмата за работа за 2017 година и Финансискиот план за 2017 година.
Ве известуваме дека денес, 02.03.2017 година, Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги потпиша договорите за индивидуалните ортопедски помагала со ортопедските куќи (сите од Скопје), кои аплицираа на објавеиот оглас во декември и тоа: „Центар за ортотика и протетика - Славеј“, „Ортопедија Илинден“ и „Ортопро Етер“.
Сите наши членови кои имаат потреба од ортози, протези, корсети...сега можат да појдат до наведените ортопедски куќи со заверен налог да си го остварат своето право без дополнителни трошоци (само со плаќање на партиципација како и до сега).