Целта на програмата е да се зголеми пристапот и учеството на лицата со попреченост, како и да се зголемат можностите на пазарот на трудот за нивно вработување. Непосредна цел е да се создадат 50 правни субјекти преку поттикнување на претприемништвото и самовработување на лица со попреченост, како и преку отворање на дополнителни 100 нови работни места во тие почетни бизниси.
Повеќе информации на линкот (линк).
На 27.02.2017 година, в о канцеларијата на Мобилност Македонија беше одржан работен состанок со г-дин Уфук Апајдин од Турција - директор на балканската групација (Македонија, Албанија, Косово, Молдавија и Црна Гора) за фармацевтската компанија "ROCHE".
На состанокот присуствувааи д-р Александар Смоковски - одговорно лице за квалитет и медицински менаџер, и Наталија од "ROCHE", а Мобилност Македонија ја претставуваа претседателот Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софка Прчева, претседателот на Мобилност Скопје - Дејан Ѓорѓиевски и членот Ана Карајанова - Димитрушева.
Национален семинар „Децата со попреченост низ лупата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост’ - Хотел „Континентал“ - Скопје 24.02.2017
Семинарот го отвори министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, поздравен говор имаше Душан Нешевски - претседател на НСИОМ, модератор на семинарот беше Владо Крстовски од Порака. Во првиот работен дел говореа: г-дин Никола Бертолини - раководител на операции во Делгацијата на ЕУ, г-дин Патрик Кларк - член на Извршниот комитет на ЕДФ, г-ѓа Елизабет Ериксон - заменик претставник на УНИЦЕФ, г-дин Изет Мемети - Народен правобранител, а исто така говореа и децата со попреченост: Кристијан Божиновски, Марија Стоиловска и Ана Пулоска.
На 23 фебруари во канцеларијата на Европската Комисија во Скопје, беше промовиран Извештај од спроведеното истражување „Потреби и брања за услуги од професионална рехабилитација и персонална асистенција“. Проектот е подготвен од тимот кој го имплементира ИПА проектот „Промоција на услуги за социјална инклузија“.