Општина Карпош е прва локална самоуправа од територијата на Градот Скопје, на која се реализира проектот ,,МАПАТОН“. Станува збор за вклучување на лица со инвалидност во имплементација на андроид апликација преку приватните мобилни уреди кои тие ги користат и која ќе им овозможи интерактивност во мапирањето на пристапните места.
По повод 8-ми Март - Меѓународниот ден на жената, Здружението Мобилност Скопје, во соработка со Националниот совет за родова рамноправност, Дом за стари лица „Мајка Тереза“ од Злокуќани, Посебното основно училиште „Иднина“ и организацијата „ЗУР Артикрафт, во просториите на Даре Џамбаз организираше изложба и базар на ракотворби. Одбележувањето и поставената изложба беа посетени од голем број на наши членови и медиумски покриено од повеќе електронски медиуми.
Мобилност Македонија денес им ги додели инвалидските колички на електромоторен погон на нашите членови: Жарко Петковски од Скопје, Бајрам Аземи од Тетово, Мери Тошевска од Битола и Александар Иванов од Штип.
Количките се набавени од Мобилност Македонија во текот на минатата година од наменски средства добиени од Министерство за труд и социјална политика кои останaa од проектот за инклузивни игралишта за 2015 година (3 колички на електромоторен погон), меѓутоа при одлучување по огласот комисијата утврди потреба од 4 колички,и Мобилност Македонија донесе одлука да се купи уште една и да им се доделат на членовите на кои им е потребна.
9-ти состанок на Работната група за стандарди за професионална рехабилитација, 01.03.2017 хотел Карпош, Скопје
Ќе се презентираат програми за професионална рехабилитација и модели за лична асистенција. Мобилност Македонија активно учествува во проектот од самиот почеток, а дел од нашите здруженија ќе бидат вклучени како сервис провајдери за лична асистенција.