XXII Музички фестивал на лицата со телесен инвалидитет во организација на Мобилност Македонија, а во соработка со Општина Струмица, што требаше да се одржи на 7 август во рамките на VII-от Опен Фест Струмица не се одржа.
Ден пред тоа на 6 август во Скопје и околината се случија катастрофални поплави во кои повеќе од 20 лица ги загубија своите животи, многу повеќе беа повредени, а над 1000 лица останаа без покрив на главата. Владата на Република Македонија прогласи ден на жалост, а Мобилност Македонија, Општината Струмица и организаторите на Опен Фест Струмица ги одложија сите настани кои требаше да се случат на 7 август во рамките на фестивлот, во знак на сочуство со фамилиите на загинатите, повредените и настрадните во поплавите.
JАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ПО ОДНОС НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО НАЈМАЛКУ 80% ИНВАЛИДНОСТ НА ДОЛНИТЕ ЕКСТРЕМИТЕТИ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2016 ГОДИНА
Министерството за труд и социјална политика согласно Програмата за изменување на програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со најмалку 80% инвалидност на долните екстремитети, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2016 година (Службен весник на Република Македонија бр.6/16 и Службен весник на Република Македонија бр.120/16) објави јавен повик за поднесување на барање за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил.
Барањето може да се поднесе од страна на лицето со инвалидност, негов родител или старател најдоцна до 30 септември 2016 година.
Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), како кровна организација чија членка е и нашиот сојуз Мобилност Македонија, на 08.07.2016 година потпиша Меморандум за соработка со Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ АД Скопје. Меморандумот го потпишаа генералниот директор на „Славеј“ АД Скопје, Горан Чаловски и раководителот на службата на НСИОМ, Драган Дојчиноски.
Како првична соработка, во рамките на содржината на меморандумот, Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ АД Скопје ќе вложи сопствени средства за целосно реновирање на дел од санитарниот јазол кој се наоѓа во приземјето на ДХО „Даре Џамбаз“, пред се наменет за лицата со потежок телесен инвалидитет.
На 01.07.2016 година, градоначалникот на Град Скопје и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје, го промовираа новото комбе-возило посебно адаптирано за превоз на лица во инвалидска количка.
Здружението на лица со телесен инвалидитет на град Скопје – Мобилност Скопје, повеќепати реагираше до администрацијата на Градот Скопје за потребите од зголемување на боројот на адаптирани комби-возила за превоз на лицата во инвалидска количка. Трите адаптирани возила набавени и пуштени во употреба во 2010 година ни од далеку не ги задоволуваат потребите на лицата во инвалидска количка во градот.
Барањето на Мобилоност Скопје е сериозно разгледано и Јавното сообраќајно претпријатие почна редовно го следи превозот и потребите на оваа категорија на граѓани, при што утврди дека маршутите се добро организирани и дека опфаќаат оптимален број на корисници. Исто така утврди дека бројот на корисници и нивните потреби се зголемуваат и дека е потребно зголемување на бројот на возилата, односно обезбедување нови возила.