На 21.06.2017 година во хотел Мериот во Скопје, во организација на Мисија на ОБСЕ во Скопје, беше одржана Работилница на тема: “Политичко учество на лицата со инвалидност – национални предизвици”.
По поздравните говори и најава на 2,5 годишниот проект од страна на Г-ѓа Тина Кукама-Бах,шеф на Одделението за демократско владеење и родова еднаквост при ОБСЕ Канцеларија за демократски институции и човекови права во СКопје, претставниците на инвалидските организации говореа за предизвиците со кои се соочуваат лицата со инвалидност при вклучување во политичкиот живот, како и при користењето на своето уставно право на глас.
На 21 јуни 2017г., во Едукативниот центар на Парламентарниот институт, зграда на Собранието на Република Македонија, по покана од претседатело на Собранието на РМ, г.Талат Џафери, се одржа тркалезна маса на тема: „Собранието и граѓанските организации“ (вклученост, соработка и отворена власт).Тркалезната маса беше организирана со цел да го претстави работењето на Парламентарниот институт пред граѓанските организации и да се разгледаат можностите за идна меѓусебна соработка.
Македонскиот параолимписки комитет на 17.06.2017 година во Охрид го одржа Државното првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидност. На првенството учествуваа 25 спортисти од кои 13 со телесен инвалидитет и 12 глуви и наглуви спортисти.
Судија на натреварот беа Фене Костадинов и Драган Дојчиноски.
Според очекувањата параолимпијците ги постигнаа највредните резултати на првенството.
Младиот стрелец Александар Јовановски (потенцијален параолимпиец) постигна свој личен рекорд, а на натпреварот во пиштол настапија и двајца стрелци со оштетување на слухот, Светлан Седмаков и Адријана Гркова, кои ќе учествуваат на Deaflympics (Олимпијадата за глуви) која од 18-30.07.2017 година ќе се одржи во Самсун, Турција.
ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ, Охрид, хотел Метропол, 12-13.06.2017
Ана Карајанова-Димитрушева ја претставуваше Мобилност Македонија на работилницата под наслов „Подобрување на услугите за лицата со инвалидност“, која во организација на УНДП и Шведската агенција за развој и соработка, се одржа на 12 и 13 јуни 2017 година во хотел Метропол во Охрид .
Основна цел на работилницата беше размена на искуства помеѓу учесниците во насока на согледување на можностите лицата со инвалидност да живеат подостоинствен, подобар, самостоен и независен живот.