Во канцеларијата на Мобилност Македонија на 25.08.2017 година беше одржан работен состанок со советникот за здравство во Владата на РМ, д-р. Венко Филипче. На состанокот беа апострофирани насоките сублимирани од нашето членство во однос на измена и дополнување на легислативата од областа на здравствената заштита за лицата со телесен инвалидитет, со посебен акцент на ортопедските помагала, и тоа во насока наЧ враќање на правото на доплата за набавка на ортопедските помагала над референтната цена, склучување на договор со ортопедските куќи за изработка и дистрибуција на цела палета на ортопедски и други помагала, зголемување на референтни цени на ортопедските помагала, воведување на пософистицирани помагала и делови за изработка на ортопедски помагала, рокови на користење и можност на поправка......
- Владата гради општество на еднакви граѓани, лицата со инвалидност активно се вклучуваат во општествените процеси;
По барање на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на 11.08.2017 година во 16,30 часот се сретна со претставници на сојузот, претседателот Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софка Прчева, како и со раководителот на стручната служба на ДХО „Даре Џамбаз“, Драган Дојчиноски.
Претседателот на Мобилност Македонија му го честита изборот на Зоран Заев за Претседател на Владата на РМ, а мотив за денешната средба е интересот на Мобилност Македонија во најавените реформи на Владата на РМ за подобрување на животот на граѓаните на РМ и лицата со телесен инвалидитет, како и лицата со останатите инвалидитети, да не останат по страна и рамноправно да го почувствуваат бенефитит на инклузијата и изедначување на можностите со останатите граѓани на нашата Држава.
Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија ја користи приликата да се заблагодари на ФФМ за големото разбирање и искрената поддршка на 12 наши членови со нивни асистенти да набават билети за фудбалскиот спектакл на арената Филип II во Скопје, дуелот помеѓу фудбалските гиганти Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во рамките на УЕФА Супер купот за 2017 година. Посебна благодарност сакаме да изразиме до г-ѓа Ирена Бакревска - Милошевска за сиот вложен труд и разбирање при координацијата за обезбедувањето и преземањето на билетите, знаејќи притоа за нејзината презафатеност и обврски во рамките на активностите за организација на меѓународниот настан.
Можноста за достоинствен пристап и престој на арената Филип II во Скопје за лицата, корисници на инвалидски колички, е за посебно истакнување и пофалба, а самата организација на натпреварот беше на највисоко можно ниво. Сите честитки до ФФМ што им овозможи на граѓаните на Република Македонија безбедно и достоинствено да уживаат во спортски настан кој ретко се случува на овие простори.
На 01.08.2017 година во Министерството за труд и социјална политика се одржа работна средба помеѓу министерот Мила Царовска и претставниците на Работната група за измени и дополнувања на Законот за социјална заштита. На средбата присуствуваа и претставници на повеќе граѓански здруженија и инвалидски организации.
Министерот Царовска го промовираше предлог Законот за измени и дополненија на Законот за социјална заштита, во кој за лицата со телесен инвалидитет се предвидуваат следните измени: