Екипата во атлетика на Мобилност Македонија во состав: Гоце Миновски Ф53, Ристо Фотевски Ф53, Петко Петковски Ф55 и Елена Давидовска Ф56 од 8-10.09.2017 година учествуваа на „48-от натпревар во атлетика (мемориал проф. Бојана Хроватина), меѓународен натпревар во атлетика за спортисти со параплегија и тетраплегија, кој во органозација на Сојузот на параплегија на Словенија се одржа во Словен Гадец.
Нашите спортисти се натпреваруваа во атлетски повеќебој (копје, ѓуле и диск) и освоија медали и тоа:
МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ВЕРЗИЈА НА „МЕЃУНАРОДНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ФУНКЦИОНАЛНОСТА“
-во рамките на кампањата на УНИЦЕФ „Биди фер, за детство без пречки“-
На 11.09.2017 година, во хотел Мериот во Скопје, во организација на УНИЦЕФ, партнерите и Владата на Република Македонија, во присуство на повеќе од 300 посетители, меѓу кои и Мобилност Македонија, беше промовирана македонската верзија на документот „Меѓународна класификација на функционирање“ - алатка која ќе помогне да се промени начинот на кој гледаме и одговараме на потребите на децата со попреченост. Настанот го означи почетокот на новата фаза од кампањата „Биди фер. За детство без пречки“.
„Ајде да ги видиме способностите на децата и да го ослободиме потенцијалот на секое дете!“ беше мотото според кое на сцената се појавија и дел од настанот беа пијанистката со оштетен вид, Ема Ананиевска, потоа студентката на Тетовскиот универзитет и лице со Даунов синдром Нина Костеска, како и деветгодишниот Јане Велковски, кој боледува од спинална мускулна атрофија (СМА), член на нашиот сојуз.
На 05.09.2017 година, по барање на Мобилност Македонија, беше одржан работен состанок со новиот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Ден Дончев. На состанокот присуствуваше и Д-р. Венко Филипче, советник за здравство на премиерот Зоран Заев.
Пред директорот и советникот на премиерот, ги изнесовме барањата кои подолг временски период се предмет на разговори и преговори на претставниците на Мобилност Македонија со претставниците на фондот во однос на: враќање на правото за доплата на ортопедското помагало или негова компонента за изработка над референтна цена, зголемување на референтните цени на ортопедските помагала, вклучување на пософистицирани помагала во листата на ортопедски помагала во Правилникот, намалување на роковите за користење на помагалата, склучување на договор помеѓу фондот и ортопедските куќи за цела палета на ортопедски помагала (и индивидуално изработените и сериските помагала) и средствата за инконтиненција, но и зајакнување на критериумите за продолжување на договорите за дистрибуција на помагалата на аптеките (соодветен интимен простор за земање на мерка и проба, тоалет, пристапност на објектот, соодветен стручен кадар и сл...), утврдување на стандардот на ортопедските помагала и воведување на шифрарник за сите ортопедски помагала по ИСО стандарди кои ќе бидат ставени на листата на фондот....и уште многу други предлози и прашања.
Екипа на Мобилност Македонија во состав: Бранимир Јовановски, Елена Давитковска, Зоран Јовановски, Александар Јовановски и Гоце Миновски, учествуваше на 25-тите Републички спортски игри на Сојузот на параплегичари и тетраплегичари на Србија (СПИКС), кои од 31.08 - 02.09.2017 година се одржаа во Борско Језеро со учество на 111 натпреварувачи од вкупно 14 екипи и тоа 11 здруженија од Србија и 3 поканети држави: Македонија, Словенија и БиХ.
Нашите натпреварувачи учествуваа во стрелаштво со воздушна пушка и во атлетика (копје, диск и ѓуле) и постигнаа забележителни резултати освојувајќи 8 поединечни медали (3 златни, 3 сребрени и 2 бронзени) и 1 екипен сребрен медал. Од оваа година домаќините на игрите донеле одлука да и натпреварувачите - гости од другите држави да се натпреваруваат во конкуренција и за пласман и медали согласно пропозициите на домаќинот.