
Во рамките на договорената динамика за предлози за измени и дополнувања на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала, на 03.10.2017 година во ДХО Даре Џамбаз се одржа вториот работен состанок помеѓу Мобилност Македонија и Комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ, на кој од страна на Мобилност Македонија беа повикани и дел од нашите членови кои користат инвалидски колички за придвижување (мануелна, електромоторна, како и со додатоци за лица со церебрална парализа), како целна група која треба да ги искаже потребите и проблемите со кои се соочува при набавка на инвалидските колички, но и квалитетот и дизајнот кои може да се добијат во моментов со актиелната референтна цена и сите компликации при остварување на правото преку аптеките (без струќни лица и земање на содветни мерки, односно пополнување на медицинско-техничка документација за мерките и индикациите). Се водеше конструктивна дискусија повеќе од два часа, се нотираа одредени забелешки и се договорија натамошни чекори и обврски. Следен состанок на Мобилност Македонија и Комисијата е закажан за понеделник 09.10,2017 година на кој ќе присуствуваат и наши членови кои носат протези, ортози и корсети.
МАКЕДОНСКИОТ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ, како партнерска организација на Загребачкиот спортски сојуз на лица со инвалидност, во проектот финансиран од програмата на ERASMUS +, "CHANGE YOUR MINDSET-SPORT4EVERYONE", денес ПРОМОТИВНО го објавува рекламниот видео запис за проектот на македонски јазик.
Ќе ми биде вистинско задоволство, се разбира доколку ви се допадне,да кликнете LIKE, и да го споделите (SHARE) на вашите фејсбук страници. Тоа многу ќе им значи на младите лица со инвалидност од 15-29 години, кои се целна група на проектов. Тие навистина го заслужуваат вашето внимание.
„ОДВАЖИ СЕ И ВКЛУЧИ СЕ. ОТКРИЈ ЈА ТВОЈАТА СИЛА“
- Rезултати од клиничка студија кои го истражуваа лекот Оcrelizumab -
Претседателот, генералниот секретар и неколку активисти на Мобилност Македонија од Скопје, Велес, Кочани и Штип со дијагноза мултипла склероза, на 29.09.2017 година остварија работен состанок со претставници на познатата фармацевтскакомпанија ROCHE (РОШ):
-Д-р Роберт, Кухељ, доктор на науки, Интернационален сениор директор за наука, Глобален медицински оддел за невронаука, Базел Рош;
-Д-р Исидора Кацарска Фотевска, директор на медицински оддел, РОШ Македонија, со презентација и запознавање со РОШ глобално, начинот на работа, подрачја на интерес, мисија и визија на компанијата;
-Д-р Александар Смоковски, медицинкси менаџер за хематологија и невронаука, РОШ Македонија, со презентација за РОШ во невронуака и резултати од клиничка студија кои го истражуваа лекот Оcrelizumab;
-Наташа Брезовска Вучковска, специјалист за комуникации, РОШ Македонија, со презентација за начинот на соработка на РОШ со пациентски ортганзиации на глобално ниво
-мр- фарм. (фармацевт-ова за вас за дообјаснување) Фјола Хаџихамза, Советник за медицински прашања
На 30.09-01.10.2017 година во хотел „Галеб“ во Струга, се одржа 29-то Државно првенство на Македонија вомшах за спортисти со телесен инвалидитет во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, а во соорганизација со Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија - Македонски параолимписки комитет.
На првенството учествуваа 24 натпреварувачи, а се играше 7 кола Швајцарски систем со темпо од 30 минути по играч.
Главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков.
Во исклучително фер и коректна борба, првото место го освои Јанчо Ѓорѓевски од Куманово дсо освоени 6 поени (5 победи и 2 реми), второто Горан Војновски од Кочани со 5,5 поени, а третото Живко Станковски од Крива Паланка.