На 23.06.2019 година во дворот на Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ во Скопје беше одржана VIII масовна средба на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
Средбата традиционално се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“, со што сакаме да испратиме силна порака до институциите во државата дека само вака обединети и организирани ќе имаме сила да се избориме за потполна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во сите пори на општеството на еднаква основа со другите. Исто така сакаме да ги потсетиме институците за обврските на државата за подобрување на пристапноста, здравствената заштита, образованието, вработувањето и целосната социјална инклузија на лицата со телесен инвалидитет, во духот на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност и Препораките на Комитетот за правата на лицата со инвалидност при ООН од 21.09.2018 година.
Повеќе: VIII МАСОВНА СРЕДБА НА ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈАСојузот на параплегија и квадриплегија на Србија, во деновите од 12.06.2019г. до 14.06.2019г. во Бор, под мотото “ Еднакви во спортот “, ги одржа 27-те спортски игри “ СЕНИ-27.РСИ “.
Мобилност Македонија со свои трофејни спортисти во атлетика од огранокот на параплегија, класифицирани по меѓународната класификација на атлетичари, гостуваше на овие спортски игри, достоинствено се претстави и постигна задоволителни резултати и тоа;
1.Гоце Миновски ,(категорија М ф5 3) ,освоени;
Ѓуле-1 место , Диск-2 место, Копје-2 место ,
2.Зоран Јовановски , (категорија М ф5 5), освоени;
Диск-1 место, Ѓуле-2 место, Копје-3 место ,
3.Елена Давитковска , (категорија Ж ф5 6), освоени;
Диск-1 место, Ѓуле-1 место и
4.Златко Арсовски-учесник со задоволителни резултати.
За одличната организација и безпрекорната гостопримност, Мобилност Македонија им се заблагодарува на Сојузот на Србија и домаќините во Бор, и верува во долгорочна соработка и спортско дружење помеѓу овие две соседни државни здруженија на параплегија.
На стадионот на ФК Караорман во Струга, на 08.06.2019 година, во рамките на проектот со ФФМ, се одигра пријателски фудбалски натпревар помеѓу фудбалската екипа на Мобилност Македонија и ФК Охрид од Охрид. Натпреварот заврши нерешено 8:8, но резултатот не беше во преден план ниту во еден момент. Најважна беше социјалната инклузија преку спортски активности за лицата со телесен инвалидитет. Како и да е, натпреварот изобилуваше со прекрасни потези, прецизни удари на гол и голмански бравури од двете страни.
Повеќе: ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВА ПОМЕЃУ ЕКИПИТЕ НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА И ФК ОХРИДОд 06-09.06.2019 година во Струга и Охрид, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, и во соорганизација со Македонскиот параолимписки комитет, се одржаа 31 Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија.
Струга, 01-02.06.2019
Во организација на Мобилност Македонија и Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија - Македонски параолимписки комитет се одржа Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет во хотел „Галеб“ - Струга на 01 и 02 јуни 2019 година.
31-ви пат своите шаховски вештини ги соочија 22 шахисти од здружените членки на Мобилност Македонија.
Првенството се играше во седум кола, швајцарски систем (викенд правила на ФИДЕ), со темпо на игра - 30 минути по играч.
Првото место го освои Тоде Зафировски од Мобилност - Тетово, второто Јанчо Ѓорѓевски од Мобилност - Куманово и третото место Неби Адем од Мобилност- Скопје.
Судија на првенството беше Тони Пајдаков.