НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1Наша цел е да бидеме силно убедени дека сме Цел... Нашата цел е да сфатиме дали спиеме или само го сонуваме животот. А во тоа може да  помогне креативната работа. Нашата Тортијада е одличен пример за будност, но и креација. Стравот, фобиите, траумите, постануваат слатки декорации. Да го искористиме нашиот сон мудро поради следното утро и работата што со љубов не очекува.

Повеќе: 22-ра ТОРТИЈАДА

4Мобилност Тетово и Гостивар беше домаќин на 10-тиот републички натпревар во табла. Турнирот се одржа на 9-ти ноември во ресторанот Електра Гарден во с.Брвеница и истиот е комплетно пристапен за нашите членови, телесни инвалиди и тоа со прилагоден тоалет и паркинг, како и пристапна сала со капацитет за 500 гости. На натпреварот учество земаа 32 натпреварувачи од 10 здруженија од Мобилност Македонија, и тоа Штип, Гевгелија, Кочани, Скопје, Прилеп, Велес, Струга, Струмица, Битола и Тетово и имаше 72 телесни инвалиди, вкупно 104 гости. Турнирот го отвори Велибор Јаќимовски, Претседателот на Мобилност Тетово и Гостивар, а гостите ги поздрави и Бранимир Јовановски, Претседател на Мобилност Македонија, Енвер Пајазити, Градоначалник на општина Брвеница, Ахмет Ќазими, претставник од општина Тетово и раководител на секторот за јавни дејности и Татјана Лалчевска, Пратеник во Собранието на Република Македонија.

Повеќе: Првенство во табла 2019

8Во организација на кантоналните здруженија на лицата со инвалидност од Унско-Санскиот кантон во Бих, од 29 до 31 октомври во Сански Мост по 13. пат се одржа меѓународната конференција „Да делуваме заедно“. „Мобилност Македонија“ традиционално учествува и конструктивно придонесува во работата на конференцијата, и овој пат со импресивен настап на претседателот Бранимир Јовановски на тема „Развој на социјални услуги за поддршка на лицата со инвалидност – Преглед на тековните реформи во насока на деинституционализација во Република Северна Македонија“, за успесите на деинституционализацијата и првичните резултати, во организација и полна изведба на МТСП.

Повеќе: Меѓународната конференција „Да делуваме заедно“, Сански Мост, БиХ

1

На 22.10.2019 година во просториите на ФЗОМ се одржа работен состанок помеѓу претставниците на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и Софка Прчева, Комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ, д-р Вера Митровска, Фатон Мемети, Весна, Марковска, Даниела Стојановска-Џинговска, и Центарот за ортотика и протетика Славеј од Скопје, Горан Чаловски.

На состанокот бевме информирани дека нашите напори и долгогодишни преговори со ФЗОМ конечно се реализираат и дека веќе е донесена одлука за измени и дополненија на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала во однос на компоненти за изработка на протези и дека се чека измените да бидат објавени во Сл.Весник на РСМ.

Повеќе: СОФИСТИЦИРАНИ КОМПОНЕНТИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОТЕЗИ

1На 20.08.2019 година, во просториите на Владата на Република Северна Македонија, на покана од посебниот советник за правда, Тања Чачарова Илиевска, беше одржан работен состанок помеѓу претставниците на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и Софка Прчева, директорот на ЦОП „Славеј“-Скопје, Горан Чаловски, директорите на ФЗОМ, Ден Дончев и Орхан Рамадани, директорот на сектор за финансиски прашања при фондот, Миле Сугарев, советникот на директорот на ФЗОМ за ортопедски помагала, Даниела Стојановска-Џинговска, раководителот на одделение за договори со здравствени установи, Фатон Мемети и претседателот на НКТ за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност, Спасе Додевски.

Повеќе: ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА ВО ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА