НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1Првопласираните-квалификувани на државното првенство во атлетика при сојузот на Мобилност Македонија(Гоце Миновски,Елена Давитковска,Златко Арсовски,Зоран Јовановски) оваа година беа учесници на 49 меморијален меѓународен натпревар- Професор Бојан Хроватина(заслужна личност која ја поставил основата на натпреварувачкиот дух на параплегичарите во р.Словенија).Натпреварот се одржа на 8 септември на атлетскиот стадион во Цеље на кој покрај домаќините учество земаа повеќе здруженија од земјите на Балканот.Нашите учесници се прикажаа во одлично светло и го финишираа своето учество со освоени неколку медали и пласман во повеќе атлетски дисциплини и тоа;

Повеќе: Меѓународен натпревар во Цеље-Словенија

Денес е доделено адаптирано комбе за потребите на лицата со телесен инвалидитет, за полесно функцонирање и извршување на нивните лични потреби од било кој аспект.

Комбето е донација од Германската Амбасада врз база на јаката заложба на градоначалникот на Општина Кавадарци Г-дин Митко Јанчев.Со Почит од името на Здружението на телесни инвалиди Мобилност Кавадарци им се завлагодаруваме на Амбасадорот на Република Германија и Градоначалникот на општина Кавадарци Г-дин Митко Јанчев како голем Алтруист и докажан хуманист.

Повеќе: Доделено адаптирано комбе во Кавадарци

1ПОЧИТУВАНИ ЧЛЕНОВИ НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА

(КОИ КОРИСТАТ ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПАТАРИНА)

Од Јавното претпријатие за државни патишта по трет пат годинава добиваме список на лица кои ја имаат злоупотребено електронската картичка за ослободување од плаќање на патарина. Во известувањето подетално е опишано кој на каков начин направил злоупотреба, а истата се однесува на следните злоупотреби:
-давање на картичката на користење на друго лице, 
-лицето ја користи картичката со друго моторно возило а не со тоа кое го регистрирало во Јавното Претпријатие,
-со возилото ја поминува патарината 300 пати месечно (го користи веројатно за такси превоз) 
-и слично.
Сето ова е регистрирано на патарините со соодветна снимка од камерите. Мобилност Македонија нема начин ниту пак сака, ниту може да Ве заштити од злоупотребата која самите си ја правите.
Ве известуваме и Ви укажуваме да не вршите злоупотреба на користење на оствареното право, бидејќи Јавното претпријатие ги блокира злоупотребените електронски картички и нема можност за повторно деблокирање или издавање на други за истите корисници.
НАПОМЕНУВАМЕ: Користете ја електронската картичка исклучиво за ваша потреба, САМО ВИЕ, и САМО СО РЕГИСТРИРАНОТО ВОЗИЛО во ЈП, а не со било кое друго возило. 
Се надеваме дека ова информација ќе ви биде од корист и дека ќе се придржувате кон инструкциите и одредбите од Законот за остварување на ова право.

 

LogoНационалниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, ги повикува членовите кои имаат потреба од следните додатоци на ортопедски помагала:

  • - електричен додаток за инвалидска количка (ELECTRIC WHEELCHAIR HANDCYCLE);
  • - силиконски лајнери за подколени и надколени протези;
  • - доплата на партиципација на члевли со повишување над 6цм;

          до 31.08.2018 година да аплицираат на e-mail:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

          Податокот ни е потребен заради обезбедување на средства за нивна набавка. Доколку сојузот обезбеди наменски средства, ќе бидат изготвени посебни критериуми за набавка и доделување на горе наведените додатоци на ортопедските помагала во количина за кои ќе бидат обезбедени средствата, за кои лицата што аплицирале дополнително ќе бидат известени.

          Вашата апликација треба да ги содржи следниве податоци: име и презиме, дијагноза, возраст, контакт (моб. телефон, адреса и e-mail).

 

1На 10.08.2018 година во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, претставниците на УНДП, Урим Касапи - програмски координатор за социјални инклузии, Дамјан Митев - проект менаџер, Сузана Ахмети, Марија Трифуновска и Ана Димовска Котевска, во соработка со Мобилност Македонија, одржаа едукативна работилница на која присуствуваа 25 лица од кои половината лица со телесен инвалидитет, членови на Мобилност Македонија од Скопје и Битола. 

Повеќе: Едукативна работилница на тема ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ