На 20-21.10.2018 година во хотелот „Цар Самуил“ во с.Банско, Струмица, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, се одржа дваесет и четвртиот Републички квиз натпревар на лица со телесен инвалидитет на Македонија. На квизот му претходеа тестирања низ кои поминаа повеќе стотици членови на здруженијата, членки на сојуот, за да на крајот 16 екипи составени од по три членови настапат на истиот.
Жири комисијата беше во состав: Зоран Јорданов, претседател на жирито и изготвувач на прашањата, Софка Прчева и Драган Дојчиноски, водител, Бранимир Јовановски, технички реализатор, Тони Пајдаков.
Според зборовите на присутните, ова издание на квизот беше еден модерен и содржаен квиз натпревар, на кој сите учесници покажаа завидно знаење и само нијански одлучуваа кои екипи ќе ги продолжат натамошните борби.
Мобилност Македонија на 13-14.10.2018 година, во хотел „Галеб“ во Струга, го одржа јбилејното триесетто Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија.
На првенството настапија 24 натпреварувачи, од кои 21 натпреварувач од Македонија и 3 натпреварувачи од Република Српска, заради што прогласувањето на најдобрите се одржа во две категории, во Опен и за Државно првенство.
Главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков, а се играше Швајцарски систем, 8 кола со темпо 30 минути по играч.
Претставници на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, Софка Прчева и Горан Спасов на 10.10.2018 година, во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија одржаа работен состанок со Комисијата за ортопедски помагала предводена од д-р Вера Митровска.
На состанокот се дискутираше во врска со нашите барања за измена и дополнување на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала, беше рефериран прогресот во однос на изготвените анализи, поднесените иницијативи за промена на Закон за здравствено осигурување со кој ќе се ублажат критериумите за континуитет и можноста за доплата на ортопедско помагало над референтна цена, за делови за изработка на ортопедски помагала, за критериуми за инвалидски колички и слично.
Повеќе: РАБОТЕН СОСТАНОК ВО ФЗОМДелегација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија во состав Софка Прчева генерален секретар на сојузот, и членовите на Управниот одбор на сојузот Дејан Ѓорѓиевски и Горан Здравков од 1 до 3 октомври во Сански Мост, Босна и Херцеговина учествуваше на 12.Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидитет.
Конференцијата се одржува во рамките на кампањата „Да делуваме заедно“ а во организација на Координациониот одбор на кантоналните здруженија и Сојузот на лицата со инвалидитет на Унско-Санскиот кантон. На конференцијата со презентации на тема учествуваа претставници од Федералното министерство за труд и социјална политика на БИХ, претставници од Фондот за профелионална рехабилитација и вработување на лицата со инвалидитет на Федерацијата на БИХ, претставници од Народниот правобранител, како и делегации од државите во регионот: Словенија, Хрватска, Србија и Македонија.
Повеќе: Учество на Меѓународна конференција во Сански Мост БИХВо организација на Сојузот на Параплегичари, заболени од детска парализа и останати телесни инвалиди Република Српска, одржан е 11. Меѓународен шаховски турнир на параплегичарите и 15. Републичко првенство на параплегичари "Бања Лука 2018" во период од 21.09 до 23.09.2018 година.
Учество заземаа следните тимови:
1. Тим на Република Српска - Бања Лука
2. Тим Федерација Босна и Херцеговина
3. Тим на Округот Брчко
4. Тим на Република Србија
5. Тим на Македонија
6. Тим на Словенија