НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ отвори посебна телефонска линија за пријавување на несовесно паркирани автомобили односно автомобили паркирани на места означени за лица со посебни потреби.

Од денеска граѓаните ќе можат да ги пријават непрописно паркираните автомобили на места означени за лица со попреченост на директниот телефонски број: 077 410 002. По добивање на повикот, пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш, а на местата каде што нема пристапност ќе се поставуваат блокатори.

„Ги повикуваме сите граѓани доколку забележат автомобил паркиран на место означено за лица со посебни потреби да алармираат на 077 410 002 кај нашите служби. Само со еден телефонски повик ќе им помогнеме на лицата со инвалидитет непречено и нормално функционирање во градот и ќе влијаеме на свеста на возачите да паркираат совесно" - изјави В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Vangel Andreski.

Повеќе: ЈП Паркинзи на Општина Центар

mtspЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА 

усвоен во Собранието на РМ на 09.11.2017 година, а објавен во Службен весник бр.163 од 14.11.2017 година

Повеќето од мерките за кои се залагаше Мобилност Македонија во последните години за укинување на одредбите за врзување на правото за одредени надоместоци со годишните нето примања на корисникот беа донесени како измени и дополнувања на Законот за социјална заштита на 09.11.2017 година, меѓу кои:

Повеќе: ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

1На 20.12.2017 година во кабинетот на Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев беше одржана работна средба со претседателот на Мобилност Македонија и на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во РМ. Беа дискутирани повеќе прашања од интерес на членството во однос на досегашните постигнувања и трите работни средби со Комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ, за пристапноста на институциите и општото опкружување во целост, за функционирањето на Националното координативното тело, очекуваната конститутивна седница во новиот состав во првата половина на 2018 година и други програмски планови содржани во програмата на сојузот за 2018 година. Добивме целосна поддршка од Премиерот Зоран Заев кој меѓу другото истакна: „Кога велиме дека градиме едно општество за сите, велиме и дека сме пријатели и создаваме пријателска средина и за лицата со посебни потреби. Затоа ги охрабрувам сите институции да работат исклучиво во насока на подобрување на условите за живот и на овие наши сограѓани.“

Повеќе: РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ

3Во име на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на 18.12.2017 година во Хотел Мериот – Скопје, со почеток во 12.30 часот се одржа конференција на тема „Креирање на инклузивни услуги за деца и лица со попреченост“. Главната цел на конференцијата беше да се презентираат обрските и заложбите на државата во согласност со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

Настанот се фокусира на новите услуги и решенија кои имаат за цел остварување на идејата за независен живот во заедницата и обезбедување на еднакви образовни можности за децата и лицата со попреченост.

Повеќе: КРЕИРАЊЕ НА ИНКЛУЗИВНИ УСЛУГИ НА ДЕЦА И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

1На 13 декември во Собранието на РМ, Мобилност Македонија преку генералниот секретар Софка Прчева, оствари работна средба со пратениците Горан Милевски и Јулијана Николова Либерално демокртаска партија.

На средбата, пратениците беа запознаени со целите и задачите на Мобилност Македонија, како и со програмата за работа, во која потенциравме дека главните активности првенствено се фокусирани на пристапноста, достапноста, образованието, вработувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, подигнување на јавната свест и сл. 

Повеќе: Работна средба во парламентот на РМ