МАКЕДОНСКИОТ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ, како партнерска организација на Загребачкиот спортски сојуз на лица со инвалидност, во проектот финансиран од програмата на ERASMUS +, "CHANGE YOUR MINDSET-SPORT4EVERYONE", денес ПРОМОТИВНО го објавува рекламниот видео запис за проектот на македонски јазик.
Ќе ми биде вистинско задоволство, се разбира доколку ви се допадне,да кликнете LIKE, и да го споделите (SHARE) на вашите фејсбук страници. Тоа многу ќе им значи на младите лица со инвалидност од 15-29 години, кои се целна група на проектов. Тие навистина го заслужуваат вашето внимание.
„ОДВАЖИ СЕ И ВКЛУЧИ СЕ. ОТКРИЈ ЈА ТВОЈАТА СИЛА“
- Rезултати од клиничка студија кои го истражуваа лекот Оcrelizumab -
Претседателот, генералниот секретар и неколку активисти на Мобилност Македонија од Скопје, Велес, Кочани и Штип со дијагноза мултипла склероза, на 29.09.2017 година остварија работен состанок со претставници на познатата фармацевтскакомпанија ROCHE (РОШ):
-Д-р Роберт, Кухељ, доктор на науки, Интернационален сениор директор за наука, Глобален медицински оддел за невронаука, Базел Рош;
-Д-р Исидора Кацарска Фотевска, директор на медицински оддел, РОШ Македонија, со презентација и запознавање со РОШ глобално, начинот на работа, подрачја на интерес, мисија и визија на компанијата;
-Д-р Александар Смоковски, медицинкси менаџер за хематологија и невронаука, РОШ Македонија, со презентација за РОШ во невронуака и резултати од клиничка студија кои го истражуваа лекот Оcrelizumab;
-Наташа Брезовска Вучковска, специјалист за комуникации, РОШ Македонија, со презентација за начинот на соработка на РОШ со пациентски ортганзиации на глобално ниво
-мр- фарм. (фармацевт-ова за вас за дообјаснување) Фјола Хаџихамза, Советник за медицински прашања
На 30.09-01.10.2017 година во хотел „Галеб“ во Струга, се одржа 29-то Државно првенство на Македонија вомшах за спортисти со телесен инвалидитет во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, а во соорганизација со Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија - Македонски параолимписки комитет.
На првенството учествуваа 24 натпреварувачи, а се играше 7 кола Швајцарски систем со темпо од 30 минути по играч.
Главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков.
Во исклучително фер и коректна борба, првото место го освои Јанчо Ѓорѓевски од Куманово дсо освоени 6 поени (5 победи и 2 реми), второто Горан Војновски од Кочани со 5,5 поени, а третото Живко Станковски од Крива Паланка.
На 17.09.2017 година, 80 члена на Мобилност Скопје и 25 членови на Мобилност Куманово, како и поканетите гости од Мобилност Битола и Здружение на МС од Врање, го посетија Меморијалниот центар на АСНОМ.
Меморијалниот центар на АСНОМ претставува културно-историски и спортско-рекреативен центар изграден во кумановското село Пелинце, посветен на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Комплексот се наоѓа крај реката Пчиња во селото Пелинце (Општина Старо Нагоричане) на два километра оддалеченост од историското место каде е одржано првото заседание, манастирот Св. Прохор Пчински.
Идејата да се изгради Меморијален центар на АСНОМ, се родила откога почнале проблеми со одбележувањето на заседанието на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински” на територијата во Србија (особено заострени во 1998 година).
Согласно заклучоците од разговорот од минатата недела со директорот на ФЗОМ, г-дин Ден Дончев, денес во просториите на фондот, претставниците на Мобилност Македониа, Бранимир Јовановски и прим.д-р. Нико Јанков имаа работен состанок со Комисијата за ортопедски помагала. На првиот состанок, од низата состаноци кои ќе следат, беше договорено темелно да се пристапи кон анализа на сегашната состојба во однос на ортопедските помагала, конкретизирање на нашите предлози за измени и дополнувања на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала, компаративни искуства од државите од регионот, особено од референтните држави Словенија, Хрватска, Србија и Бугарија, определување на стандарди и изработка на шифрарник со опис на секое ортопедско помагало...итн.
Повеќе: РАБОТНА СРЕДБА ВО ФЗОМ