- Владата гради општество на еднакви граѓани, лицата со инвалидност активно се вклучуваат во општествените процеси;
По барање на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на 11.08.2017 година во 16,30 часот се сретна со претставници на сојузот, претседателот Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софка Прчева, како и со раководителот на стручната служба на ДХО „Даре Џамбаз“, Драган Дојчиноски.
Претседателот на Мобилност Македонија му го честита изборот на Зоран Заев за Претседател на Владата на РМ, а мотив за денешната средба е интересот на Мобилност Македонија во најавените реформи на Владата на РМ за подобрување на животот на граѓаните на РМ и лицата со телесен инвалидитет, како и лицата со останатите инвалидитети, да не останат по страна и рамноправно да го почувствуваат бенефитит на инклузијата и изедначување на можностите со останатите граѓани на нашата Држава.
Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија ја користи приликата да се заблагодари на ФФМ за големото разбирање и искрената поддршка на 12 наши членови со нивни асистенти да набават билети за фудбалскиот спектакл на арената Филип II во Скопје, дуелот помеѓу фудбалските гиганти Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во рамките на УЕФА Супер купот за 2017 година. Посебна благодарност сакаме да изразиме до г-ѓа Ирена Бакревска - Милошевска за сиот вложен труд и разбирање при координацијата за обезбедувањето и преземањето на билетите, знаејќи притоа за нејзината презафатеност и обврски во рамките на активностите за организација на меѓународниот настан.
Можноста за достоинствен пристап и престој на арената Филип II во Скопје за лицата, корисници на инвалидски колички, е за посебно истакнување и пофалба, а самата организација на натпреварот беше на највисоко можно ниво. Сите честитки до ФФМ што им овозможи на граѓаните на Република Македонија безбедно и достоинствено да уживаат во спортски настан кој ретко се случува на овие простори.
На 01.08.2017 година во Министерството за труд и социјална политика се одржа работна средба помеѓу министерот Мила Царовска и претставниците на Работната група за измени и дополнувања на Законот за социјална заштита. На средбата присуствуваа и претставници на повеќе граѓански здруженија и инвалидски организации.
Министерот Царовска го промовираше предлог Законот за измени и дополненија на Законот за социјална заштита, во кој за лицата со телесен инвалидитет се предвидуваат следните измени:
Повеќе: ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТАМобилност Македонија активно учествува во проектот на ОСЦЕ и Државната Изборна Комисија за проверка и проценка на пристапност на избирачките места за лицата со инвалидност во РМ како подготовка за локалните избори 2017 гдина.
Беа одржани 2 седници на 26.07.2017 година во просториите на ОСЦЕ и на 31.07.2017 година во просториите на ДИК.
Активно учествувавме во подготвување на Прашалникот за проверка на избирачките места и во составување на 12 тимови за проценка на избирачките места во РМ, во кои ќе партиципираат и по еден член од невладиниот сектор меѓу кои и неколку членови од Мобилност Македонија и тоа: Горан Спасов од Скопје (за општините Центар и Аеродром), Горан Здравков од Велес (за општините Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија), Фани Јаќимовска од Тетово (за општините Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце, Теарце), Буран Бала од Дебар (за општините Дебар и Центар Жупа, Струга и Охрид) и Гордана Велкова од Кочани (за општините Кочани, Делчево и М.Каменица).
Почитувани членови кои аплициравте и добивте карти за Супер Купот во фудбал 2017 година,
Благодарејќи на долгогодишната успешна соработка на Мобилност Македонија со Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје, Ве известуваме дека „СЛАВЕЈ“ донесе одлука да донира средства и да ги плати Вашите карти за овој спектакуларен настан кој ќе се одржи на 8-ми август на Арената „Филип Втори“ во Скопје.
Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје и Мобилност Македонија Ви посакуваат уваба забава.
Картите (најверојатно) од понеделник - 31.07.2017 година ќе може да ги подигнете во канцеларијата на Мобилност Македонија, но за тоа ќе добиете информација дополнително.
Им благодариме на нашите пријатели од Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје.