29-ти РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА, 08-11.06.2017, Струга и Охрид
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија во соорганизација со Македонскиот параолимписки комитет, од 08-11.06.2017 година ги организираше 29-те Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет во Струга и Охрид со учество на 80 македонски спортисти и 20 од земјите од регионот.
Во Струга се одиграа натпреварите во пинг понг во 4 категории поединечно и во две категории екипно.
Игрите имаа меѓународен карактер бидејќи учествуваа екипи од: Бугарија (атлетика и пинг понг), предводени од Илија Лалов-претседател на Бугарскиот параолимписки комитет, Србија (атлетика и пинг понг), предводени од Бојан Јаќимовиќ-генерален секретар на Параолимпискиот комитет на Србија, Црна Гора (атлетика и пинг понг), предводени од Дејан Башановиќ и Босна и Херцеговина (атлетика и стрелаштво), предводени од Рефик Ибрагиќ.
Меѓународен пара атлетски митинг
Медали за Дејан Ѓорѓиевски и Ифраим Љута.
На првиот ден настапија нашите спортисти во две дисциплини (освен Зоран кој настапува во втората диск класа F55). Дејан Ѓорѓиевски во микс класа F40, F42 и F46, во конкуренција на пет натпреварувачи го освои третото место и бронзениот медал со резултат од 10,44 метри. Прв во оваа конкуренција беше Матија Слоуп од Хрватска F40 со 9,61 метри но најмногу поени во микс, втор Младен Томиќ од Хрватска со резултат од 12,31 метри.
Повеќе: CR0ATIA OPEN 2017ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ПО ОДНОС НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО НАЈМАЛКУ 80% ИНВАЛИДНОСТ НА ДОЛНИТЕ ЕКСТРЕМИТЕТИ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2017 ГОДИНА
Повеќе: ЈАВЕН ПОВИКНа 23-ти мај, во хотелот Карпош во Скопје се одржа последниот состанок на работната група за професионална рехабилитација и лична асистенција во која партиципира и Мобилност Македонија.
Беа разгледани и дискутирани следниве теми (и нивни презентери):
-Презентација на подобрена база на податоци Лирикус и нови модули Александар Славковиќ, Помлад неклучен експерт за ИКТ
-Презентација на развиени стандардиза Професионална рехабилитација и финално одобрување на истите.
Јелена Вахакуопус, Раководител на проектен тим и Стојан Андонов, Постар не клучен експерт;
-Законска основа за Персонална асистенција.
Репрезентацијата на Мобилност Македонија во состав: Гоце Миновски, Савре Бојковиќ, Адем Неби и Дејан Ѓорѓиевски, од 18-20.05.2017 година во Зеница учествуваа на 14-те Спортски игри на параплегичари и лица заболени од детска парализа на Федрацијата Босна и Херцеговина.
По извршената класификација нашите натпреварувачи настапија во атлетика и во шах екипно. Нашите двајца натпреварувачи во атлетика постигнаа голем успех освојувајќи медали во сите дисциплини во кои настапија и тоа:
Повеќе: 14-ти СПОРТСКИ ИГРИ во ЗЕНИЦА, БиХ 2017