НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

znam deka mozesЦелта на програмата е да се зголеми пристапот и учеството на лицата со попреченост, како и да се зголемат можностите на пазарот на трудот за нивно вработување. Непосредна цел е да се создадат 50 правни субјекти преку поттикнување на претприемништвото и самовработување на лица со попреченост, како и преку отворање на дополнителни 100 нови работни места во тие почетни бизниси.

Повеќе информации на линкот (линк).

1На 27.02.2017 година, в о канцеларијата на Мобилност Македонија беше одржан работен состанок со г-дин Уфук Апајдин од Турција - директор на балканската групација (Македонија, Албанија, Косово, Молдавија и Црна Гора) за фармацевтската компанија "ROCHE".

На состанокот присуствувааи д-р Александар Смоковски - одговорно лице за квалитет и медицински менаџер, и Наталија од "ROCHE", а Мобилност Македонија ја претставуваа претседателот Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софка Прчева, претседателот на Мобилност Скопје - Дејан Ѓорѓиевски и членот Ана Карајанова - Димитрушева.

Повеќе: Работен состанок со претставници на "ROCHE" - Македонија

4Национален семинар „Децата со попреченост низ лупата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост’ - Хотел „Континентал“ - Скопје 24.02.2017

Семинарот го отвори министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, поздравен говор имаше Душан Нешевски - претседател на НСИОМ, модератор на семинарот беше Владо Крстовски од Порака. Во првиот работен дел говореа: г-дин Никола Бертолини - раководител на операции во Делгацијата на ЕУ, г-дин Патрик Кларк - член на Извршниот комитет на ЕДФ, г-ѓа Елизабет Ериксон - заменик претставник на УНИЦЕФ, г-дин Изет Мемети - Народен правобранител, а исто така говореа и децата со попреченост: Кристијан Божиновски, Марија Стоиловска и Ана Пулоска.

Повеќе: Децата со попреченост низ лупата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост

1На 23 фебруари во канцеларијата на Европската Комисија во Скопје, беше промовиран Извештај од спроведеното истражување „Потреби и брања за услуги од професионална рехабилитација и персонална асистенција“. Проектот е подготвен од тимот кој го имплементира ИПА проектот „Промоција на услуги за социјална инклузија“.

Повеќе: Презентација на извештајот „потреби и барања за услуги од професионална рехабилитација и...

13На 20 фебруари на Здружението на лица со телесен инвалидитет – МОБИЛНОСТ ВЕЛЕС, на свечен начин им беше предадено комбе – возило за превоз на лица во инвалидска количка. 

Комбето е донација од германската компанија „Дрекселмаер“, со посредство на германската амбасада и Општина Велес.
Се работи за патничко возило – комбе на кое е вградена хидроулична рампа за непречен влез и излез од комбето при превоз на лица во инвалидска количка. На овој начин општината им излезе во пресрет на своите граѓани кои се со инвалидитет и имаат потешкотии при комуникација и движење. 

Повеќе: ДОНАЦИЈА – КОМБЕ ВОЗИЛО ЗА ПРЕВОЗ НА ЛИЦА ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА