НА СРЦ „ТРЕСКА“ ВО СКОПЈЕ ОДРЖАНА VI МАСОВНА СРЕДБА ВО ПРИРОДА НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА
Мобилност Македонија на 20.05.2017 година во СРЦ Езеро Треска, по шести пат ја организираше рекреативната средба во природа на која и годинава учествуваа преку 350 членови на сојузот од цела Македонија. Благодарение на соработката со Советот на градот Скопје, и годинава беа организирани три меѓуградски автобуси, како и два градски автобуси кои ги довезоа учесниците на средбата до договореното место. За лицата со инвалидска количка Мобилност Македонија донираше во трошоците за превоз плаќајќи им го потрошениот бензин. Беа организирани рекреативни активности во соработка со Проф. д-р Горан Никовски, претседател на Федерацијата за рекреативен спорт, и Драган Дојчиноски, генерален секретар на Македонскиот параолимписки комитет, како што се бадмингтон, боќање, шах, пикадо....
Повеќе: VI МАСОВНА СРЕДБА ВО ПРИРОДАЧленови на Мобилност Македонија, како претставници на Македонскиот параолимписки комитет, учествуваа на пинг-понг натпреварот "Podgorica OPEN" 2017, на чело со селекторот Страшко Коцевски.
Повеќе: Учество на "Podgorica OPEN" 2017Во организација на Мобилност Македонија, од 21-27.04.2017 година во Охрид се одржа осмата Ликовна Колонија на која учество зедоа 14 уметници од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Поред нашите членови Роза Мојсовска и Тома Димовски, учествуваа и членовите сликари од Сојузот на параплегичари на Словенија, Радован Грос и Јакоб Кавчиќ со своите придружници. На ликовната колонија учествуваа академските сликари: Јанко Лацо, Станислава Летиќ, Клара Томиќ-Касаш, и Катарина Новаковиќ од Србија, Жељан Павиќ од Хрватска, Зоран Јакимовски, Богоја Мојсоски и Виданка Мојсоска од Македонија.
Повеќе: ОДРЖАНА 8-ма ЛИКОВНА КОЛОНИЈАОбука за лична асистенција, 12-13.04.2017, Хотел „Арка“, Скопје
Под раководство на проект менаџерот за лична асистенција - Маријана Јанковиќ од Хрватска и нејзиниот асистент Владимир Илиевски од Филозофскиот факултет при УКИМ - Скопје, започна обуката за сервис провајдерите, корисниците и асистентите за лична асистенција под наслов „Лична асистенција за живот, работа и радост“, во рамките на ЕУ проектот „Унапредување на услугите за социјална вклученост“ кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со активна партиципација на Мобилност Македонија од стартот на проектот. Денешната обука ја посетуваат членовите на Мобилност Скопје и Мобилност Куманово.
Повеќе: Обука за лична асистенцијаРаботен состанок во канцеларијата на Мобилност Македонија на 07.04.2017, на претставници на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, ПОРАКА и СОЈУЗ НА СЛЕПИ на РМ, со претставници на УНДП: Душан Томшиќ, Марија Трифуновска и Наташа Биљарска, во врска со предлог подготовката на Веб портал со податоци за зачленетите лица со инвалидност во општинските здруженија на нациолните инвалидски организации, со поддршка УНДП преку проектот „Услуги за лица со попреченост“.
Повеќе: Работен состанок со претставници на УНДП