НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

logoBigОд 01.10.2016 година на автопат со електронски картици

Почнувајќи од 01.10.2016 година, правото на ослободување од плаќање патарина ќе може да се реализира на наплатните станици единствено со персонализираната безконтактна картица. Лицата ослободени од плаќање на патарина мораат со себе да ја имаат оваа картица и членската книшка од здружението каде членуваат, која  е оверена од страна на Јавното претпријатие за државни патишта.

На персонализираната безконтактна картица (електронската картица) видливо е напишано името и презимето на лицето и називот на сојузот каде што членува. Електронската картица ги содржи сите податоци од лицето што е ослободено од плаќање патарина како што е адреса на живеење, регистрација на возилото и тип и марка на возилото. Овие податоци ги гледа вработеното лице на наплатната станица кога картицата ќе ја помине на електронскиот уред.

Повеќе: Новини од ЈП за Државни Патишта

1Во Мобилност Скопје членува едно младо симпатично дете, кое зрачи со позитивна енергија, активно и атрактивно, секогаш на мета на фоторепортерите дали при отворање на адаптирани инклузивни детски игралишта, или на разни забави и театарски претстави, дури и пред ТВ камерите на УЕФА со репрезентативците на Република Македонија во фудбал, пред натпреварот Македонија-Белорусија. Тоа е нашиот Јане Велковски.

Е токму на Јане, на 25.09.2016 (во неделата) на враќање од роденденска забава од игротеката во МКЦ во Скопје, му се случи немил настан со лифтот кој за среќа нема посериозни физички последици по Јане. При влегувањето во лифтот, истиот неконтролирано тргнал надолу пред Јане и мајка му да влезат во него, односно додека само предните тркала од електромоторната количка која тежи стотина килограми штотуку згазнале на платформата. Такво нешто не може да се случи доколку лифтот е исправен. Исплашени и тој и мајка му, успеале некако тој да се задржи со рачињата за страничниот дел од платформата на лифтот, додека мајка му со сета сила ја тегнела количката наназад да не се струполи нанапред сосе Јане, кој пак за среќа бил врзан со појас, инаку сигурно би се струполил пред количката и би се повредил.

Повеќе: Јане и лифтот

1XXII Музички фестивал на лицата со телесен инвалидитет во организација на Мобилност Македонија, а во соработка со Општина Струмица, што требаше да се одржи на 7 август во рамките на VII-от Опен Фест Струмица не се одржа.

Ден пред тоа на 6 август во Скопје и околината се случија катастрофални поплави во кои повеќе од 20 лица ги загубија своите животи, многу повеќе беа повредени, а над 1000 лица останаа без покрив на главата. Владата на Република Македонија прогласи ден на жалост, а Мобилност Македонија, Општината Струмица  и организаторите на Опен Фест Струмица ги одложија сите настани кои требаше да се случат на 7 август во рамките на фестивлот, во знак на сочуство со фамилиите на загинатите, повредените и настрадните во поплавите.

Повеќе: Одложен XXII музички фестивал

mtspJАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ПО ОДНОС НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО НАЈМАЛКУ 80% ИНВАЛИДНОСТ НА ДОЛНИТЕ ЕКСТРЕМИТЕТИ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2016 ГОДИНА

Министерството за труд и социјална политика согласно Програмата за изменување на програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со најмалку 80% инвалидност на долните екстремитети, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2016 година (Службен весник на Република Македонија бр.6/16 и Службен весник на Република Македонија бр.120/16) објави јавен повик за поднесување на барање за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил.
Барањето може да се поднесе од страна на лицето со инвалидност, негов родител или старател најдоцна до 30 септември 2016 година.

Повеќе: JАВЕН ПОВИК

logoSlavejНационалниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), како кровна организација чија членка е и нашиот сојуз Мобилност Македонија, на 08.07.2016 година потпиша Меморандум за соработка со Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ АД Скопје. Меморандумот го потпишаа генералниот директор на „Славеј“ АД Скопје, Горан Чаловски и раководителот на службата на НСИОМ, Драган Дојчиноски.

Како првична соработка, во рамките на содржината на меморандумот, Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ АД Скопје ќе вложи сопствени средства за целосно реновирање на дел од санитарниот јазол кој се наоѓа во приземјето на ДХО „Даре Џамбаз“, пред се наменет за лицата со потежок телесен инвалидитет.

Повеќе: Меморандум за соработка