НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1На 05.02.2016 година претставниците на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ) во кој што членуваат седум национални сојузи на лицата со инвалидност: Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија Мобилност, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака, Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија, т.е. Македонскиот олимписки комитет и Националниот сојуз на инвалиди на трудот на Република Македонија, остварија работна средба со Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Повеќе: Работна средба на претставниците на НСИОМ

1На 04.02.2016 година, во Порта Македонија со почеток во 12 часот и во присуство на членови од скоро сите здруженија на Мобилност Македонија, академски сликари, наши членови - талентирани сликари, претставници на организацискиот одбор на ликовната колонија, жири комисијата за литературни творби при Мобилност Македонија, потоа претставни на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, претставници на националниот сојуз РЦПЛИП-Порака, електронски и пишани медиуми...., беше одржана изложба на 53 уметнички дела изработени на шестата меѓународна колонија која беше одржана во месец април 2015 година во Охрид. Водител на манифестацијата беше Ѓорѓи Калајџиев, изложбата со пригоден говор ја отвори претседателот на сојузот, Бранимир Јовановски.

Повеќе: Изложба на дела од 6-та ликовна колонија и 21-ви литературни читања

vladaПРОГРАМА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО НАЈМАЛКУ 80% ИНВАЛИДНОСТ НА ДОЛНИТЕ ЕКСТРЕМИТЕТИ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2016 ГОДИНА

 PDF Download 

1 7НОВИНИ ОД ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

            Со оглед на тоа дека голем број на наши членови се возачи на моторни возила сметам дека е од општ интерес да ги запознам нашите читатели со новините во овој Закон бидејќи во пракса сите ние горе долу секојдневно се среќаваме а често и се соочуваме или можеме да бидеме соочени со некои санкции поради не придржување кон прописите. Со оглед на тоа што за нас лицата со телесен инвалидитет возилата се такаречи ортопедски помагала, сметам дека е корисно накратко да се запознаеме со овие новини како би множеле да ги зачуваме возачките дозволи и да не се изложуваме на големи давачки за плаќање на казни.

Повеќе: Новини од законот за безбедност

Logo            На 4.12.2015 година во Кичево беше одбележан „4-ти Декември“ – Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија. Во прекрасна атмосвера и присуство на повеќе од 150 членови на Мобилност Македонија од 16 здружени членки, со изведна на химната на РМ и неколку играорни точки од препознатливиот македонски фолклор започна средбата на која поред членовите, беа присутни и поранешниот пратеник од Кичево, г-дин Илија Китановски, како и повеќе претставници од подрачните единици на институциите на државата.

            После поздравните говори на претседателот на Мобилност Кичево, Бобан Јордановски, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и на поранешниот пратеник во Собранието на РМ, Илија Китановски, претседателот на Мобилност Македонија пред присутните ги афирмираше преземените активности на сојузот кои ја одбележаа 2015 година, ставајќи акцент на барањата до институциите на државата за премостување на архитектонските бариери, пред се во објектите за спроведување на настава во основното, средното и високото образование, како и за подобрување на здравствената заштита, ортопедски помагала и конкурентност на пазарот на трудот за нашите членови.

Повеќе: Одбележан 4-ти Декември