НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

DSC00753Традиционалната новогодишна средба во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје – Мобилност Скопје и оваа година се одржа на 21.12.2014 година во прекрасниот амбиент на ресторанот „Бисера“ во населбата Аеродром, кој е со најадаптирани услови за лицата со телесен инвалидитет. На новогодишната средба присуствуваа гости од сите општински и меѓуопштински здруженија од Македонија, како и гости соработници и пријатели. На нашата забава присуствуваа околу 300 лица. Прекрасната музика на групата „Би-би-си“, која ги забавуваше гостите, на прави одлична атмосфера, со што дури и некои од присутните запеаја. Атмосферата беше надополнета со културно-уметничка програма на културно-уметничкото друштво Никола Јовков Вапцаров како и   прекрасните АнетаНаковска, Јулија и Злате Антевски, кои беа пријатно изненадување за сите присутни.

Повеќе: Новогодишна средба

1 1Иницијален состанок на тема „Програма за реформи во социјалните и политиките за вработување“

На 17.12.2014 година во „Музејот на македонската борба за државност и самостојност“ во Скопје, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, учествуваше на Иницијалниот состанок по покана од Министерството за труд и социјална политика како еден од презентерите. На овој важен Иницијален состанок практично се започна креирањето на Програмата за реформи во социјлните и политиките за вработување, меѓу кои и за политиките за вработување на лицата со инвалидност. Процесот во разни фази се предвидува да трае континуирано до 2020 година.

Мартин Клауке, раководител на одделот за соработка во рамки на Делегацијата на Европската унија во Македонија, смета дека оваа програма ќе ја приближи Македонија кон Унијата и дека ќе овозможи економскиот раст да се фокусира кон зголемување на вработувањето. Тој смета дека со заедничка работа во текот на следните години на спроведување на потребните реформи и обид Р.Македонија да ги исполни сите цели потребни за пристапување кон ЕУ, програмата може да стане важна алатка за справување со невработеноста, да обезбеди социјалната инклузија, како и да придонесе за подобрување на целокупната состојба на граѓаните и ќе овозможи поголем пристап на Мкаедонија до фондовите на Унијата.

Повеќе: Иницијален состанок

LogoАпел на Мобилност Македонија до комисиите за определување на право на  инвалидска пензија

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, како инвалидска организација во која членуваат преку 7.200 лица кои имаат пречки во мобилноста поради телесна инвалидност предизвикана од параплегија, дистрофија, ампутација на екстремитет, детска парализа, церебрална парализа, мултиплекс склероза и други невро мускулни или коскени заболувања, се обрати до Секторот за остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување при Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, како и до Секторот за пензиско и инвалидско осигурување при Министерство за труд и социјална политика, со апел до Комисијата за оцена на работната способност, како и до Комисијата заревизија на наод, оцена и мислење за утврдена инвалидност, односно неспособност за работа.

Повеќе: Апел на Мобилност Македонија до комисиите

1 21Драги пријатели,членови на сите македонски здруженија на лица со телесен инвалидитет,искрено се надеваме дека оваа наша 18 годишна Тортијада ви остави сладок вкус во устата, а ние струмичани ви испракаме прегратки и бакнежи надевајки дека тој сладок вкус ке ве држи се до следната Тортијада! Полнолетството на оваа Тортијада не е мала и неважна работа,пријателството и љубовта што овде се раѓаат мора и тоа како да продолжат за во иднина.Затоа пред нас организаторите претстои Духовна задача која што ке го полни со насмевки и радост нашето битие,зашто самата љубов кај лицата со посебни потреби е вистинска Револуција во нивните срца! Имам потреба да дадам еден краток осврт околу Лицата со посебни потреби зашто нашето животно искуство е на еден начин етична револуција во која АКО ПОБЕДУВАМЕ не не очекува сигурно пат послансо ружи,туку понатамошна смртна борба помегу минатото,сегашноста и иднината!Како личност,човекот со телесен инвалидитет како и секоја нормална личност поседува слободна волја,а пак таа негова волја не се изразува на создавањето нешто ново од ништо што воопшто не било,туку тој самиот треба да предизвика кај себе ВОЛЈА НА ТВОРЕШТВО која би избила од него самиот и би се совпаднала или самата во исто време би се корегирала преку моќта и волјата на Самиот Космос,којшто е,да потсетиме од збор и љубов створен да битисува ,па Кој и да бил Створителот тоа е сеедно.

Повеќе: Полнолетна Тортијада 2015

1На 20.11.2015 година во ДХО „Даре Џамбаз“ беше одржан работен состанок на претставници на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) со Марица Мириќ, претставник на Заедница на сојузи на лица со инвалидност на Хрватска (СОИХ). Беа разменети искуства во работењето на двете кровни организации на невладините инвалидски организации во Македонија и Хрватска, беа иницирани прашања и теми за натамошна заедничка соработка. Следи потпишување на Меморандум за соработка помеѓу НСИОМ и СОИХ, како и потпишување на меѓусебни меморандуми помеѓу членките на кровните организации. Начелно беше договорено првата следна средба на тема “Лична асистенција-искуства од Хрватска” да се одржи на почетокот на идната година, во јануари, на која колегите од Хрватска, Марица Мириќ и Мандица Кнежевиќ ќе ги претстават моделите на поддршка, законските решенија и изворот на финансиска поддршка, како пример и позитивно искуство за обезбедување на личен асистент, една од услугите која недостасува во законодавството на РМ и е неопходна за нашите членови.

Повеќе: Работен состанок наНСИОМ и СОИХ