НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1 1            Македонската репрезентација во стрелаштво за лица со инвалидитет во состав: Бранимир Јовановски (тренер и спортист), Оливера Наковска-Бикова, Ванчо Каранфилов, Лидија Крстеска и Александар Јовановски (стрелци), настапи на првиот ИПЦ Светски куп во стрелаштво кој се одржа во Осијек, Хрватска од 07-15.07.2015 година и кој беше од квалификациски карактер за учество на Параолимписките игри во Рио 2016 година. Од минатата година, Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов имаат обезбедено квоти за следните Параолимписки игри во Рио, на Ванчо Каранфилов му требаше само уште исполнување на минимум параолимписка норма во дисциплината воздушен пиштол за да настапи на игрите во сите 3 пиштолски дисциплини. За Бранимир Јовановски, Лидија Крстеска и Александар Јовановски настапот на првенството беше можност за обезбедување на директна квота. На Александар Јовановски ова му беше прв меѓународен натпревар, можност да помине медицинска класификација и да добиеме стручен совет за висината на дозволениот наслон и адаптирање на количката од која стрела.

Повеќе: Светски куп во стрелаштво

mtspНадоместокот за социјална  помош  зголемен за 10%

            Од 1јули 2015 година паричниот надоместок за социјална помош е исплатен со зголемување од 10%. Иако првично беше најавено зголемување од 5%, со дополнителни измени на Законот за социјална зштита надоместокот за социјална парична помош е зголемен за 10%.

            Овој вид на парична помош во државава ја примаат околу 30.000 семејства. Министерот за труд и социјална политика во изјавата за медиумите истакна дека Владата и понатаму ќе продолжи да се грижи за социјално ранливите категории на граѓани со низа мерки и проекти.

Повеќе: НОВОСТИ ОД МТСП

1            На 04.07.2015 година во Вараждин, Хрватска, се одржа меѓународниот натпревар „CRO Open 2015“  на кој учествуваа 87 натпреварувачи ( 75 во машка и 12 во женска конкуренција) од 8 држави.

            Нашиот сојуз на натпреварот го претставуваа спортистите Александар Талески и Дејан Ѓорѓиевски, предводени од селекторот Крсте Серафимовски.

            Алекдандар Талески настапи во 2 дисциплини во класата Ф46. Во дисциплината  копје го освои 1-то место (од двајца натпреварувачи) со резултат од 39,38 метри, додека во дисциплината ѓуле 7-то место (од седум натпреварувачи) со резултат од 10,00 метри.

            Дејан Ѓорѓиевски настапи во три досцилини во класата Ф57. Во дисциплината диск го освои 4-то место (од пет натпреварувачи) со резултат од 20,67 метри, во дисциплината копје 5-то место (од пет натпреварувачи) со резултат од 18,33 метри и во дисциплината ѓуле 7-то место (од седум натпреварувачи) со резултат од 7,39 метри.

Повеќе: Aтлетика „CRO OPEN 2015“

1 3                На 19јуни, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево, Здружението на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Кичево,го организираше II-от по ред  музички  концерт од хуманитарен караттер. Граѓаните на Кичево кои до последно место ја наполнија салата во Домот на културата, уште еднаш покажаа колку се хумани и колку  разбирање  имаат за оваа категорија на свои сограѓани, и покажаа спремност  да им помогнат. Присутните што ја наполнија салата до последно место, имаа можност да проследат двочасовна богата културно уметничка програма.

                Во програмата учествуваа познати имиња од музичката естрада во земјата: Елена Велевска, Спасен Сиљановски, Мирослав Мирчевски, Фиданка Ѓорѓиевска, Елена С., Влатко Миладиновски, Златко Стојановски и културно уметничкото друштво „Кочо Рацин“.

Повеќе: Втор хуманитарен концерт во Кичево

1 5Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, на 13.06.2015,  во Спортско-рекреативнот ценатар на езерото Треска во Сарај ја организираше четвртата „Масовна средба во природа“ за лица со телесен инвалидитет. На масовниот излет присуствуваа околу 400 лица со телесен инвалидитет од 17 здруженија на Мобилност Македонија. Целта на средбата е да се промовираат правата на лицата со телесен инвалидитет и нивна целосна интеграција во општеството.

Годинава, средбата во природа беше организирана под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“, со што испративме порака до институциите на Државата дека обединети и организирани имаме сила да се избориме за нашата позиција во општеството како еднакви со другите. Тоа го правиме достоинствено, како наше право и обврска на општеството кон нас.

Повеќе: 4-та масовна средба во природа