Набавка на патнички автомобили за лица со инвалидност со рефундирање на средства за ДДВ, акцизи и царина
Мобилност Македонија со години наназад мошне активно делуваше на полето на враќањето на правото за набавка на патничко моторно возило со враќање на данок на додадена вредност, акцизи и царина за лицата со најмалку 80% телесно оштетување на долните екстремитети или карлица (онака како што беше остварување на ова право со стариот Закон за данок на промет на производи и услуги, член 14 точка 14 кој од 1999 година е вон сила). Сме напишале десетици писма со Владата на РМ, до Министерството за финансии, до Министерството за труд и социјална политика, остваривме многу состаноци, преговори и договори, баравме ова право да е слободно право на лицата со телесен инвалидитет кои ги исполнуваат наведените критериуми, предлагавме заштитни механизми од злоупотреба на ова право, и конечно се донесе Закон за измена и дополнување на закон за социјална заштита (Службен весник на РМ бр.33 од 05.03.2015 година), во кој закон е вметната нова глава VII-А која гласи РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛИ и содржи пет нови члена од 213-а до 213-д и нов член 254-б. Со овие членови се уредува можноста за набавка на патнички автомобил, меѓутоа решението не е најдобро за лицата со телесен инвалидитет.
Повеќе: Набавка на моторно возило со рефундирање21-ви музички фестивал на Мобилност Македонија
Градот Струмица, на 11.08.2015 година во прекрасна атмосфера и пред бројни посетители, по 20-ти пат беше домаќин на Музичките средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија (од вкупно одржани дваесет и едни средби) во организација на „Мобилност Македонија“. Од минатата година, музичкиот фестивал на лицата со телесен инвалидитет се одржува под отворено небо во рамките на манифестацијата „Струмица Опен Фестивал“. Годинава, манифестацијата се одржа под мотото: „Само небото може да биде граница за амбициите и креативноста на Мобилност Македонија“.
Гости на манифестацијата беа: Градоначалникот на Струмица, г-дин Зоран Заев во придружба на претседателот на Советот и неколку советници, претседатели и членови од повеќе здруженија - членки на Мобилност Македонија, како и делегација од Фондацијата „Сила за живот“ од Бугарија, предводена од претседателот на фондацијата, г-дин Јордан Стефанов.
Повеќе: 21-ви музички средбиЧесто пати имам впечаток дека сите ние не ги знаеме доволно нашите права од социјалната заштита. Некои од нас делумно а други воопшто не ги знаат сите права кои се од сферата на социјалната заштита и често пати поради тоа некои од нашите членови не ги остваруваат овие права а можеле да ги користат доколку се запознаат со своите права. Затоа во овој текст накусо ќе се обидам да ги информирам членовите на Мобилност Македонија со основните право од социјалната заштита со надеж дека некои од вас кога ќе се информираат полесно и ќе си го остварат своето право кое им припаѓа но од разни причини не го оствариле.
Во Законот за социјална заштита (ЗСЗ) се опфатени различни права од областа на социјалната заштита кои наполно или во одредени сегменти се однесуваат на лицата со инвалидност. Според овој Закон „инвалидно лице се смета лице со ментална или телесна попреченост“.
Повеќе: Права од социјалната заштитаВрз основа на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на 18.07.2015 година, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
до
невработените инвалидни лица
Повеќе: ЈАВЕН ОГЛАСМакедонската репрезентација во стрелаштво за лица со инвалидитет во состав: Бранимир Јовановски (тренер и спортист), Оливера Наковска-Бикова, Ванчо Каранфилов, Лидија Крстеска и Александар Јовановски (стрелци), настапи на првиот ИПЦ Светски куп во стрелаштво кој се одржа во Осијек, Хрватска од 07-15.07.2015 година и кој беше од квалификациски карактер за учество на Параолимписките игри во Рио 2016 година. Од минатата година, Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов имаат обезбедено квоти за следните Параолимписки игри во Рио, на Ванчо Каранфилов му требаше само уште исполнување на минимум параолимписка норма во дисциплината воздушен пиштол за да настапи на игрите во сите 3 пиштолски дисциплини. За Бранимир Јовановски, Лидија Крстеска и Александар Јовановски настапот на првенството беше можност за обезбедување на директна квота. На Александар Јовановски ова му беше прв меѓународен натпревар, можност да помине медицинска класификација и да добиеме стручен совет за висината на дозволениот наслон и адаптирање на количката од која стрела.
Повеќе: Светски куп во стрелаштво