Мобилност Македонија ќе спроведе Проект
- Изградба на инклузивни детски игралишта -
Мобилност Македонија од страна на Министерството за труд и социјална политика беше избрана како национална инвалидска организација која ќе спроведе проект „Инклузивни детски игралишта“. Ова ни претставува особена чест и задоволство, но и голема обврска во процесот на изградба на игралиштето. На 30.10.2013 година во канцеларијата на Мобилност Македонија се одржа работна средба со претставниците од Министерството за труд и социјална политика на која од наша страна беа присутни претседателот и генералниот секретар на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и Софка Прчева, како и претставниците од Министерството за труд и социјална политика: Жаклина Величковска – раководител на сектор за односи со јавноста, Душан Томшиќ од одделението за социјално вклучување и Марјан Гијовски – портпарол на министерството.
Успешно реализиран проект, одобрен од Собрание на град Скопје
Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје Мобилност Скопје, по објавениот јавен повик за проекти во областа на спортот од јавен интерес за Град Скопје за 2013 година, изработи и поднесе девет проекти од кои што беа одобрени три проекти и тоа за: Турнир во Шах по повод 13 Ноември, Меѓуопштински натпревар во пинг понг за лица со телесен инвалидитет и Натпревар воАтлетика за лица со телесен инвалидитет.
Проектот натпревар по Атлетика за лица со телесен инвалидитет беше одобрен и финансиски потпомогнат од Градоначалникот на град Скопје г-дин Коце Трајановски и Советот на град Скопје.
Измени во Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија имаконтинуирана, а во последно време мошне интензивна комуникација со Фондот за здравствено осигурување на Македонија поднесувајќи повеќе предлози и барања за остварување на право на ортопедски помагала, намалување на партиципација и рокови на користење на истите, како и за зголемување на референтни цени. За таа цел беа остварени и две средби со директорот Џемали Мехази, а во очекување сме да оствариме средба и со директорката Маја Парнарџиева Змејкова. Во истиот период ФЗОМ интензивно работеше на подзаконските акти за остварување на права за ортопедски помагала согласно барањата кои ги имаа од нашиот сојуз, здруженија на пациенти, здравствени установи и осигуреници. ФЗОМ излезе во пресрет на голем број од овие барања и направи определени измени на Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала. Овие групи на измени придонесуваат до поголеми права на осигурениците кои ги користат ортопедските помагала а воедно значат фискални импликаци спрема ФЗОМ во вредност од околу 15 милиони денари годишно. ФЗОМ на 21,07.2013 година ги објави измените на овие групи на ортопедски помагала меѓу кои и на оние кои се донесени согласно нашите иницијативи и се од корист за нашите членови:
Во конгресната сала на хотелот Холидеј во Загреб, Хрватска, на 11 и 12.11.2013 година се одржа XVIII Хрватски симпозиум на лица со инвалидност со меѓународно присуство (Македонија, Словенија, Финска, БиХ и Република Српска), а под покровителство на Претседателот на Република Хрватска, г-дин Иво Јосиповиќ, Mинистерството за труд и социјална политика на Хрватска и градоначалникот на Градот Загреб, г-дин Милан Бандиќ.
На симпозиумот учествуваше и делегација од Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија во состав: Бранимир Јовановски од Мобилност Македонија, Драган Дојчиноски од цивилните инвалиди од војната на РМ и Чедомир Трајковски и Владо Крстовски од Републички центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост - Порака.