Мобилност Струмица, во соработка со тим од Општина Струмица изготви проект кој беше поддржан од Германската Амбасада во Скопје. Германската Амбасада за членовите на Мобилност Струмица обезбеди грејно тело, електричен камин,кој ке се користи во канцеларијата, како и склоплива рампа, наменета за возилото на Мобилност Струмица, како и за полесно премостување на одредени помали архитектонски бариери. На примопредавањето на оваа донација од страна на претседателката Лилјана Матеничарска и госпоѓа Марина Серафимова- претставник од Германска Амбасада, беа присутни и претставници на Општина Струмица, како и повеке членови на Мобилност Струмица. Во знак на благодарност за хуманиот гест на Амбасадата на Р.Германија, претседателката Лилјана Матеничарска, на госпоѓа Марина Серафимовска и врачи уметниичка слика, насликана од нашата позната сликарка Роза Мојсовска да ги краси просториите во Амбасадата.
Оваа донација, која беше неопходна за нашите членови, значително ке ја олесни мобилноста во иднина, за што сме многу благодарни како на тимот од Германска Амбасада, така и на тимот од Општина Струмица. На заминување од канцеларијата се поздравивме со надеж наскоро да се видиме пак и да реализираме уште многу проекти кои ке придонесат во подобрувањето на квалитетот на животот на лицата со телесен инвалидитет.