Одржана конститутивна седница на Собранието на Мобилност Македонија
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија на 28.02.2015 година одржа конститутивна седница на Собранието на сојузот за мандатниот период 2015-2019 година.
По спроведените избори во седумбнаесетте здруженија, членки на Мобилност Македонија, беше составен списокот на 35 нови претставници за состав на Собранието на националниот сојуз.
Седницата до избор на претседател ја водеше најстариот член, Штерјо Нниколов од Штип. По изборот на записничар и двајца оверувачи на записникот, бе избрани верификациона и кандидациона комисија.
Верификационата комисија ги разгледа пристасаните документи и известија за спроведени избори во општинските и меѓуопштинските здруженија, членки на Мобилност Македонија и констатира дека на претставниците на 3 здруженија во моментот не може да им се верифицира мандатот заради одредени пропусти и тоа:
-На Мери Туџарова од Струмица и на Галабка Илиева Коцева од Радовиш заради тоа што во записниците од нивните конститутивни Собранија немаше издвоена точка за избор на претставник на здружението за состав на новото Собрание на Мобилност Македонија и им беше советувано доколку во рок од 2 месеци одржат нова седница на Собрание со оваа точка на дневен ред и записникот го достават до канцеларијата на сојузот, дека мандатот ќе им биде верифициран.
-На Венко Голабоски од Охрид заради тоа што здружението се уште нема добиено статус на инвалидска организација и доколку го добие решението за два месеци мандатот ќе биде верификуван, доколку не, мандатот ќе биде верифициран на следната седница на Собранието на Мобилност Македонија, односно по добивањето на решение за статус на инвалидска организација.
Во натамошниот тек на седницата беше верифициран мандатот на следните претставници за мандатниот период 2015-2019 година: Дејан Ѓорѓиевски, Жарко Петковски, Санде Штериов, Хакија Мекиќ, Томи Јаневски, Јулијана Николоска и Тони Митровски одМобилност Скопје, Бранимир Јовановски и Драгана Стоилковиќ од Мобилност Куманово, Штерјо Николов, Елица Трпковска и Лидија Успрцова од Мобилност Штип, Горан Војновски и Анче Данев од Мобилност Кочани, Љубе Лазаровски од Мобилност Струмица, Георги Питов од Мобилност Свети Николе, Дејанчо Атанасовски од Мобилност Гевгелија, Михајло Михајлов од Мобилност Кавадарци, Горан Здравков од Мобилност Велес, Стеван Ангелески, Ѓорѓи Здравески и Влатко Најдоски од Мобилност Прилеп, д-р.Нико Јанков, Митко Фидановски, Васко Стефановски и Нада Тановска од Мобилност Битола, Велибор Јаќимовски, Нермине Изаири и Авни Хисмани од МобилностТетово, Рамиз Касели од Мобилност Струга, Атли Горенца од Мобилност Дебар и БобанЈордановски од Мобилност Кичево
Кандидационата комисија за нов претседател на Мобилност Македонија за мандатниот период 2015-2019 година го предложи Бранимир Јовановски, кој оваа функција успешно ја обавуваше и во претходниот мандат. Предлогот на кандидационата комисија беше прифатен со акламација, а Бранимир Јовановски им се заблагодари на довербата со ветување дека со тимска работа ќе настојуваме во периодот кој е пред нас во преговорите со претставниците на институциите да ги зголемиме правата и да ја подобриме положбата на лицата со телесен инвалидитет во Македонија.
Согласно Статутот, претседателот предложи листа на 10 членови на Управен одбор на Мобилност Македонија и тоа: Дејан Ѓорѓиевски од Скопје, д-р. Нико Јанков од Битола, Штерјо Николов од Штип, Стеван Ангелески од Прилеп, Горан Војновски од Кочани, Рамиз Касели од Струга, Атли Горенца од Дебар, Бобан Јордановски од Кичево, Мери Туџарева од Струмица и Велибор Јаќимовски од Тетово. Листата беше ставена на гласање и едногласно усвоена од страна на присутните претставници на Мобилност Македонија.
Во Надзорен одбор беа предложени и едногласно избрани: Митко Фидановски од Битола, Елица Трпковска од Штип и Драгана Стоилковиќ од Куманово.
За претставници на Мобилност Македонија во Националниот совер на инвалидските организации на Македонија едногласно беа избрани Бранимир Јовановски и Дејан Ѓорѓиевски, додека во Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во РМ, Бранимир Јовановски и д-р.Нико Јанков.
Беше донесена Одлука да се пристапи кон измени и дополненија на Статутот на Мобилност Македонија и здружените членки, како и да се продолжи членството во меѓународната организација ФИМИТИК. Беше избрана Комисија за избори и именувања во состав: Бранимир Јовановски, Штерјо Николов, Авни Хисмани, Елица Трпковска и д-р.Нико Јанков.