Поттикнати од се почестите јавувања на нашите засегнати членови, Мобилност Македонија се обрати со молба до ЈП градски паркинг Скопје и до Советот на градот Скопје да ја разгледа нашата иницијатива и да донесе измена на Одлуката со која на обележаните возила на лицата со инвалидност од територијата на Република Македонија ќе им се дозволи користење на обележаните паркинг места за лица со инвалидност под исти услови како и за лицата - жители на градот Скопје.
Советот на градот Скопје има донесено Одлука за јавните паркиралишта од значење за градот Скопје во која членот 29 гласи:
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија достави барање до Владата на Република Македонија за одобрување на проект за обновителна рехабилитација за 400 лица со телесен инвалидитет годишно и најмногу 50 придружници, кој ќе се реализира преку Министерството за труд и социјална политика и Мобилност Македонија.
Владата на РМ беше запознаена дека Мобилност Македонија, како доброволна, општествено хуманитарна и национална организација на лицата со телесeн инвалидитет на Република Македонија ги претставува и застапува лицата со телесна инвалидност и нивните интереси во комуникација со државните органи во Република Македонија и на меѓународно ниво. Во Мобилност Македонија доброволно се здружени 17 општински и меѓуопштински инвалидски организации со вкупно 7.200 членови кои имаат пречки во мобилноста поради телесна инвалидност предизвикана од: параплегија, дистрофија, ампутација на екстремитет, детска парализа, церебрална парализа, мултиплекс склероза и други невро мускулни или коскени заболувања, со сочувани ментални способности.
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија побара од Ректоратот на УКиМ Скопје толкување на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, објавена во Универзитетски гласник бр. 199 од 03.02.2012 година со која во член 5 се носи измена со која се вели: „Во членот 322, став 2, зборовите „да студираат без плаќање партиципација и кофинансирање на студиите” се заменуваат со зборовите: „на дополнителни испитни рокови за завршно оценување”.“
Дел од нашите членови се во период на оформување на своето образование на некој од факултетите во состав на УКиМ и од пред извесно време се најдоа засегнати од Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на УКиМ објавена во Универзитетски гласник бр. 199 од 03.02.2012 година.
Како резултат на проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“ спроведуван од 6 здруженија на граѓани во соработка и подршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија во 2011 и 2012 година, од 29 јануари оваа година стартуваше нов портал за бесплатна правна помош.
Името на порталот е „Пристап до правдата“ кој се залага за промоција на бесплатната правна помош и овозможува еднаков пристап до правдата за сиримшните граѓани и ранливите категории граѓани, односно има за цел да го олесни пристапот до правдата на граѓаните.